Вмрежување и партнерство Печати

Вмрежување и партнерствоВо светот на висока меѓузависност и поврзаност на различни актери, вмрежувањето и партнерството стануваат едни од најупотребуваните термини и вистински тренд во последно време.

Мрежата и партнерството всушност се средство кое ги поврзува луѓето и организациите, ја подобрува комуникацијата и соработката меѓу оние кои делат иста визија, вредности или цел. Основна цел е размена на информации и остварување заеднички активности на инаку независни организации. Вмрежувањето и партнерството не е цел само за себе, туку во основата има остварување на идеи, цели и интереси кои се заеднички за организациите.

Во вмрежувањето и партнерствата успехот се должи на неколку принципи: партиципативност, репрезентативност, делегирање, долгорочни цели и планирање, синхронизирање на активностите на организациите и финансиска стабилност (споделување на трошоците).

Обуката ќе ви овозможи да ја разберете важноста од градење партнерства, коалиции и мрежи за успешна работа и поддршка, да ги дознаете основите на вмрежувањето, предностите и недостатоците, типовите и структурите на мрежите, да дознаете како да раководите со врските (релациите) и како да ги капитализирате.

Содржина

Основи за коалиции и мрежи

  • Концепциски појаснувања и дефиниции;
  • Типови и структури (пример: чадор организации наспроти мрежи, формални наспроти неформални);
  • Разлики меѓу соработка и партнерство (пример: краткорочно наспроти долгорочно);
  • Предности и недостатоци;

Чекори во градењето коалиции и мрежи

  • Анализа на засегнати страни (дефинирање на клучните засегнати страни, институционална анализа);
  • Анализа на проблеми (дефинирање на главните прашања/полиња на активности);
  • Матрица на соработка и опфатеност;
  • Поставување цели и стратегии за мрежите (дефинирање на мисијата, визијата и целите, принципите и поставување настратегијата за мрежата);
  • Воспоставување на структури и координативни механизми (вклучувајќи членство и финансиски прашања и процедури);
  • Воспоставување на комуникациски механизми (пример: електронско вмрежување итн.);

Преглед на вмрежувањето на национално ниво

  • Ефективност на мрежите;
  • Најдобри практики.

Поврзани: