Односи со јавноста Печати

Односи со јавностаОдносите со јавноста, во последно време, доживуваат вистински подем. Со право се смета дека нивното време доаѓа. Но за да очекуваме полза од нив, мораме да ги познаваме вештините за односите со јавноста. Што се тоа односи со јавноста? Зошто ни се потребни? Што ќе постигнеме со нив?

Односите со јавноста ви овозможуваат да го проектирате имиџот или личноста на вашата организација кај вашата “јавност” - корисници, поддржувачи, спонзори, донатори, локалната заедница, потрошувачи и вашата друга публика. Значи се работи за пренесување на вашата порака до вашата публика, но тоа е двонасочен процес. Вие мора да комуницирате со вашата публика, но треба исто така да и овозможите на публиката полесна комуникација со вас. Вистинските односи со јавноста вклучуваат дијалог - вие треба да ги слушате другите, да ги гледате нештата од нивна перспектива.

Односите со јавноста може да бидат корисни за секоја организација, не заради сензационалната промоција на нејзините постигнувања, туку за да станат покритични кон својата работа. Гледајќи ја организацијата на начинот на кој ја гледаат другите, може да станете подобри и може да бидете сигурни дека на корисниците им ја давате најдобрата можна услуга.

Обуката е во времетраење од 32 часа и ќе се спроведува во периодот 7-10 јули во Скопје (Пријава).

Содржина

  • Значењето на односите со јавноста и релациите со медиумите;
  • градење стратегија за односи со јавноста;
  • подготовка и вештини на презентација;
  • радио и ТВ интервју;
  • информативни и промотивни материјали;
  • прес соопштенија и прес конференции.

Поврзани: