Показатели (РПЦ/Индикатори) - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Показатели (РПЦ/Индикатори) PDF Печати Е-пошта

Показатели (РПЦ/Индикатори)Показателите се раководни алатки кои играат важна улога при планирањето, мониторингот и оценувањето на проектите. Показателите се во широка употреба при раководењето со проекти. Правилниот избор и формулација на показателите е важна за планирањето на самата интервенција, како и за дизајнирање на мониторинг системот со цел да се информира раководството за напредокот на интервенцијата. Показателите за планирање, мониторинг и оценување имаат благо различни цели, што може да доведе до значителна збрка ако употребените термини не се правилно дефинирани.

Што се показатели? Тоа се променливи (варијабли) чија цел е да ја измерат промената во настаните или процесите. Променливите се фактори кои може да се менува во квантитет, квалитет или големина, а кои мора да ги земете предвид кога ја разгледувате ситуацијата во целост.

Содржина

  • Концепти и  показатели во секојдневниот живот;
  • Анализа на контекстот преку показатели;
  • Показатели за организациска анализа;
  • Планирачки и СМАРТ показатели;
  • Показатели за набљудување и оценка;
  • СПИЦЕД показатели за мерење на влијанието.
 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Консултации и обуки Теми