Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Интегрирано раководење со проектен циклус PDF Печати Е-пошта

Интегрирано раководење со проектен циклусРаководење со проектен циклус значи адекватно раководење и фацилитирање со портфолиото на проекти или програми. Раководење со портфолио на проекти или програми е комплексно заради големиот број на интервенции кои се превземаат како и големиот број на вклучени страни.

РПЦ е комбинација на пристап, употреба на различни инструменти како и поврзување на овој пристап и инструменти во административни процедури и системи на организацијата.

Пристапот е фокусиран на три главни прашања: креирање на заедничко разбирање на процесите; концептите и критериумите за донесување на одлуки; креирање на чувство на сопственост и посветеност на вклучените страни; како и подобрување на капацитетот за учење на вклучената организација.

Главен употребен инструмент е Логичката Рамка. Логичката рамка не само што овозможува подобра формулација и проценка на индивидуалните интервенции, туку овозможува ефективно набљудување и оценка во спроведувањето. Употребата на овој инструмент само може да го зголеми влијанието на сите индивидуални проекти затоа што тие ќе бидат селектирани и поврзани во насока на другите интервенции кои што нашата организација ги превзема.

Добро поставени процедури и јасна дистрибуција на одговорности помеѓу сите засегнати страни е придонес кон непречено поминување на проектот во сите фази. Овој инструмент е користен и во најголемите државни институции и развојни агенции каде што индивидуалните интервенции можат да го постигнат своето максимално влијание  само ако се гледаат интегрирано заедничко со другите. Употребата на административните процедури како и инструментите само ќе ја зголеми ефективноста во комуникацијата помеѓу засегнатите страни, а тоа пак ќе води кон зголемување на ефикасноста.

Содржина

  • Раководење со проектен циклус (РПЦ) –фази на проектниот циклус;
  • Методологија на идентификација и решавање на проблеми - анализа на проблеми и цели;
  • Избор на стратегија за интервенција и Логичка рамка (ЛР);
  • Идентификација на надворешните фактори битни за проектот - Предуслови и Претпоставки;
  • Дефинирање на Показатели;
  • Алокација на ресурси и буџетирање;
  • Набљудување (мониторинг) и оценка (евалуација);
 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Консултации и обуки Теми