Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Локален развој на заедниците PDF Печати Е-пошта

локален развој во заедницитеВо програмата Локален развој на заедниците (ЛРЗ) во текот на 2009 г., покрај продолжувањето на еден проект започнат во 2008 г. беа започнати шест нови проекти од планирани седум.

Во првото полугодие се реализираа активностите од проектот „Градење капацитети и модернизација на локалната самоуправа“. Во рамките на овој проект за претставниците на општинската администрација на од 13-те фокус општини на програмата ЛРЗ, беа реализирани Обука за раководење со проектен циклус; Обука за раководење со човечки ресурси и Работилница за методологија за проценка и одредување на локални даноци и такси, а на осум општини им беа доделени грантови за активности за унапредување и модернизација на општинските услуги.

Со цел континуирано практикување на иновативни модели и модернизација на Асоцијацијата на давателите на комунални услуги се реализираше проектот  Градење капацитети за АДКОМ и ЈКП“. Во рамките на овој проект беа реализирани работилници за: Воведување НАССАП; Дефинирање на приоритетите за реформи во комуналниот сектор; Контрола за загадувањето од отпадни води; Клучни индикатори за изведба (КИИ); ГИС решенија во ЈКП; Студиска посета на ЈКП во Албанија и Србија; како и работилница со членовите на Комисијата за водоснабдување и третман со отпадни води; и Регионална конференција за регулаторна комисија.

Заради континуираното практикување на иновативни модели и модернизација на Заедницата на единиците на локалната самоуправа во РМ, во периодот март- јуни 2009 г. Се реализираше проектот „Градење капацитети за ЗЕЛС”. Во рамките на проектот беа реализирани четири регионални работилници за состојбите со управување со човековите ресурси во ЕЛС и беше креирана база на податоци за одговорни лица при ЕЛС за управување со човечките ресурси.
Со цел воспоставување на партиципативни пристапи на работа во заедниците, во
периодот април-јуни 2009 г. беше реализиран проектот: „Иницијативи во руралните заедници во Прилеп“. Во рамките на овој проект беа реализирани активности за градење на капацитетите на Советите на месните заедници, како и активности за јакнење на организацискиот капацитет на Фондацијата за поддршка и развој од Прилеп.

Сите четири горенаведени проекти се реализирани во согласност со планираната временска динамика. Проектот „Форуми во заедницата“ (во општина Карбинци) кој започна во 2008 г., со спроведување продолжи и во 2009 г. Во извештајниот период беше направена информативна средба со новоизбраниот градоначалник на општина Карбинци, на кој му беше претставен целиот форумски процес и беше запознаен со напредокот на програмата.

Во овој период беа направени консултации со општинската администрација на о. Карбинци за подготовка на потребната документација и подготовките на тендерската процедура, врз основа на што објавен беше повик за изведбени работи за четирите проекти кои беа изгласани од страна на граѓаните на о. Карбинци. По завршувањето на постапката за избор на најповолни понудувачи следеше реализација на трите проекти избрани од страна на Форумот: Урбано уредување; Мали спортски терени и Детски игралишта. Комплетно завршување на трите проекти беше крајот на октомври 2009 г. Во ноември се одржа последователната форумска сесија во општината Карбинци на која заинтересираните граѓани имаа можност да слушнат како се завршиле активностите што самите тие ги развиваа, планираа и формулираа во текот на шесте форумски сесии во 2008 г.

Со проектот „Адресар на ЕЛС и веб портал за локален развој“, МЦМС по трет пат објави информации за општините во Република Македонија. Во првото полугодие беа подготвени и дистрибуирани прашалниците со кои се прибраа потребните информациите. Со Адресарот се опфатени сите општини од кои се обезбедени општи податоци (контакт, опис, површина и сл.), како и податоци за буџетот, структурата и организациската поставеност на општината, постоењето и спроведување на стратешки документи, проектите на општината, стопанските карактеристики, јавните комунални претпријатија, јавни установи (здравство, образование, култура) и соработката со граѓанските организации. Прашалниците до општините беа испратени по пошта и е-пошта. Адресарот ќе биде публикуван на македонски, англиски и албански јазик во електронско издание, а промоцијата ќе се реализира на почетокот на 2010 г. Анализите на состојбите во општините ќе се подготват по прибирањето на податоците и ќе бидат презентирани како прес-соопштенија до медиумите и релевантните институции. Во рамките на овој проект е подготвена и структурата на веб-порталот www.lokalenrazvoj.org.mk. Собирањето на материјалите се вршеше преку интернет и од Македонската информативна агенција, каде се објавувани написи и друг материјал поврзани со локален развој.

Со проектот „Профил на организации, институции и проекти за рурален развој“ се направи првиот обид да се стават на едно место институциите, организациите и проектите кои придонесуваат за руралниот развој. Вториот дел од проектот се однесува на анализите кои беа подготвени врз основа на прибраните информации за публикацијата. За потребите на подготовката на публикацијата беа подготвени прашалници со кои беа собирани податоците. Прелиминарната листа на организации и институции беше дополнувана во текот на прибирањето на информациите. Прибирањето на податоците се вршеше лично, преку анкетари и преку пошта/е-маил. Профилите опфатија податоци за контакт, општи податоци за организацијата/институцијата, областа во која делуваат, целната група и податоци за буџетот. Публикацијата се отпечати во тираж од 300 примероци на македонски и 100 примероци на албански јазик.

Извршно резиме од програмата.

Завршени проекти:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми