Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Кампања за мобилизација на фондови PDF Печати Е-пошта

кампања за мобилизација на фондовиЗаврши спроведувањето на програмата Кампањи за мобилизација на фондови. Во текот на 2009 г. се довршуваа три проекти од претходните години, а еден беше отворен и завршен во оваа година.

Со проектот „Истражување на општествената одговорност на граѓаните“ беа ажурирани податоците за: јавниот дух (почитување на законската обврска) на граѓаните; учеството на граѓаните во политички непартиски активности; волонтерската активност на граѓаните во заедницата; учеството и активирањето на граѓаните во организациите на граѓанското општество; и добротворното давање на граѓаните. Во посебен извештај беше публикуван делот „Односот кон традиционалните/секуларните вредност“.

Извештајот беше промовиран во осум дела преку прес-соопштенија и предизвика големо внимание кај медиумите, беа објавени 24 текстови/настапи. Извештајот е издаден на ЦД, на македонски и на англиски јазик во 500 примероци.

Заврши и спроведувањето на проектот „Прибирање средства со Телетон“. Проектот се спроведуваше во партнерство со Полио плус и ПДАС „Меѓаши“. Во ова полугодие, во рамките на кампањата за заштита на децата од сексуална злоупотреба што ја организираше Меѓаши беа собрани финансиски средства во висина од 180.000 МКД за помош на децата - жртви. Потоа беше подготвен и хуманитарен концерт за кој беа отпечатени беџови со пораки: „Стоп на педофилијата“ и „Сите идеали на светот побезначајни се од солзите на едно дете“. Естрадните ѕвезди ги носеа беџовите со пораките во знак на солидарност со децата - жртви на сексуална злоупотреба.

Се комплетираа и активностите поврзани со проектот „Адресар на организациите на иселениците“. Адресарот е заедничко издание на МЦМС и Агенцијата за иселеништво на Република Македонија. Отпечатен е во 2000 примероци и дистрибуиран до сите вклучени организации. Адресарот беше јавно промовиран.

Оваа година, беше спроведен и проектот „Кутии за донации“. Беа набавени кутии за донации кои треба да бидат распоредени на повеќе места во Скопје и во другите градови во Македонија.

Извршно резиме од програмата.

Завршени проекти:

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми