Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Развивање на балканското граѓанско општество PDF Печати Е-пошта

Kakvi se uslovite za rabota na gragjanskoto opshtestvoМЦМС е основач и иницијатор на Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) која што има за цел да дејствува на зајакнување на улогата на граѓанското општество во демократските и евро-интеграциските процеси. БЦСДН прерасна во влијателна мрежа од 15 организации од земјите од регионот која предводи активности важни за граѓанскиот сектор. БЦСДН и организациите членки учејќи од искуството од петото проширување покрај едноставно прифаќање на ЕУ правилата и принципите, настојува да овозможи структурите и практиките на граѓанско учество да станат секојдневна норма и општествена вредност и притоа да обезбедат неповратност на позитивните реформски процеси во периодот на пристапување.

Проектот ја следи овозможувачката околина за развој на граѓанското општество во осум земји од регионот, со цел да се обезбеди конзистентен и континуиран притисок и да се артикулира гласот на граѓанското општество врз основните потреби за развој на секторот. Покрај тоа предвидено е адресирање на два специфични проблеми за развојот на граѓанското општество во Западен Балкан и Турција, т.е политиките и процедурите на финансирање на граѓанското општество засновани на ЕУ правила и практики и економска и човечка вредност на секторот и стуруктури и практики на социјален дијалог. Директниот притисок кој ќе се врши низ активностите ќе биде надополнет со низа акции насочени кон зајакнување на граѓанското општество преку обезбедување експерти, споделување информации и градење капацитети. Со овој проект ќе бидат опфатени активностите кои се однесуваат и ќе се спроведуваат во Македонија, како и придонесот на МЦМС кон заедничките регионални перспективи. 

Општа цел на проектот e придонес кон овозможувачка околина за одржливо граѓанско општество. Цели на проектот се: зајакнување на капацитетите за следење и застапување за прашања поврзани со овозможувачка околина и одржливост на граѓанското општество на регионално и национално ниво и зајакнување на структурите за интеграција на граѓанските организации и учество во креирање ЕУ политики и пристапниот процес на национално и Европско ниво. 

Целна група на проектот се граѓанските организации, државни институции, јавноста и медиуми. Директни корисници се граѓанските организации и платформи на национално ниво, органи на државна управа, меѓу-владини институции особено ЕУ, и други засегнати страни. 

Резултати на проектот се: следена овозможувачка околина за развој на граѓанските организации; подобрени политики и процедури за финансирање на граѓанското општество; воспоставен структуриран дијалог меѓу граѓанско општество и органите на државна управа; промовирани алтернативни извори и модели за поддршка на граѓанското општество; поддржани грѓански организации преку Балкански фонд за јавни политки; подобрена комуникација и зголемена вклученоста во регионот.

Периодот на спроведување на проектот е од 2 јануари 2015 г. до 30 ноември 2016 г.

Вкупниот буџет изнесува 1.490.120 МКД.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми