Градење на капацитетите на ЗЕЛС - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Градење на капацитетите на ЗЕЛС PDF Печати Е-пошта

Националните и регионалните институции/организации, во тој контекст и ЗЕЛС, како механизам за координација, вмрежување, лобирање и застапување на нејзините конституенти членки единиците на локалната самоуправа имаат суштинска улога за успехот на процесите на децентрализацијата. Основната улога на ЗЕЛС како национална организација е да биде чекор пред процесите на децентрализација, да ги креира и да предводи промените на кои се изложени и ги спроведуваат нејзините членки.

lrz205-ziЗајакнувањето на институционалниот и управувачкиот капацитет на ЗЕЛС се јавува како еден од поважните фактори во обезбедување долгорочен и одржлив развој на заедниците.

Општа цел на проектот беше подобрени услуги за граѓаните во заедниците.

Цел на проектот беше подготвеност на Заедницата на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија (ЗЕЛС) за континуирано практикување на иновативни модели и модернизација.

Целна група на проектот беа општини, заедници и ЗЕЛС.

Целното подрачје ја опфаќа целокупната територија на Република Македонија.

Очекуван резултат беше: зајакнати капацитети на администрацијата на ЗЕЛС.

Активностите се однесуваа на учество на персоналот на ЗЕЛС (советници-координатори за обука) на следните обуки: Раководење со човечки ресурси, Презентациски вештини, Обука за обучувачи, Раководење со проектен циклус, Креативно и стратешко размислување. Посетените обуки беа во организација на МЦМС и ИНТРАЦ - Англија.

Обуката Раководење со човечки ресурси ја посетија две вработени на ЗЕЛС. Обуката се одржа во организација на МЦМС во Маврово, во периодот 23-25.09.2008 година.

На обуката Презентациски вештини која се одржа на 29.09.2008  во просториите на ЗЕЛС, а ја спроведе МЦМС учествуваа 8 вработени во ЗЕЛС (2 мажи и 6 жени).

Обуката Раководење со проектен циклус се одржа од 10-12.12.2008 во просториите на ЗЕЛС во организација на МЦМС. На обуката учествуваа 6 вработени во администрацијата на ЗЕЛС (3 мажи и 3 жени). Обуката поради преголема зафатеност на учесниците не беше реализирана целосно. На последните сесии присуствуваа премал број на учесници (2) поради што не беа обработени последните планирани теми за мониторинг и оценка на проекти.

На обуката Креативно и стратешко размислување учествуваа две вработени од ЗЕЛС Обуката се одржа во периодот 03-05.12.2008 во Англија а ја спроведе INTRAC од Англија (www.intrac.org). Првично за посета беа планирани други две обуки во организација на INTRAC од Англија, Партнерство и градење на капацитети (планиран број учесници 1) и Добивање најмногу од вашите истражувања (планиран број учесници 2). Овие две обуки не беа посетни и наместо нив беше посетна обуката Креативно и стратешко размислување.

Обуката за обучувачи во организација на МЦМС ја проследија две вработени од ЗЕЛС. Обуката имаше скроен карактер. Најпрво во просториите на МЦМС на 12.09.2008 се одржа еднодневна обука на која беше ставен акцент на теоријата и теоретската обработка на обучувачките вештини. Последователно беа поделени задачи и дадени насоки за практичниот дел од обуката за обучувачи кој се состоеше во одржување на работни сесии во планираните обуки од програмата ЛРЗ.

Од планираниот обем на практична работа, учесничките на обуката за обучувачи одржаа по една сесија во рамките на Обуката Раководење со човечки ресурси. Нивните презентации и методолошки пристап беа подготвени во соработка и под водство на обучувачите од МЦМС. Учесниците на обуката за обучувачи во целост не го остварија планираниот обем на практичниот дел од обуката за обучувачи тие не учествуваа во испораката не обуките Тимска работа и раководење со тим (планирани број учесници 2), Комуникациски вештини и решавање на конфликти (планирани број учесници 2).

Планираната обука Финансиско раководење за почетници (планиран број учесници 1) во организација на МЦМС не беше посетена од вработените на ЗЕЛС. Обуката дел од редовните обуки на МЦМС, беше откажана поради помал број на пријавени учесници.

МЦМС имаше одговорност за управување на проектот, а заедно со ЗЕЛС имаа одговорност за негово спроведување.

Успешната и навремена реализација на проектот во најголема мерка зависеше од претпоставката дека ЗЕЛС има капацитет за успешно и квалитетно да ги спроведат планираните активности. Оттука, еден од ризиците во остварување на целите на проектот беше непостоење на доволен капацитет на ЗЕЛС за соработка. Предвидениот ризик делумно се оствари што доведе до пробивање на планираните рокови за спроведување на проектните активности или до не/нецелосно спроведување на дел од активностите.

Временскиот период на спроведување беше 25 јуни – 22 декември 2008 година.

Директните расходи на проектот изнесуваат 350.271,00 МКД. МЦМС обезбедува 310.000,00 МКД (директни трошоци) средства кои се донација на ЕЕД од Германија (www.eed.de). Останатите средства се сопствено директно учество на ЗЕЛС во износ од 40.271,00 МКД.

 

Извршно резиме од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми