Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Акции во заедницата PDF Печати Е-пошта

Законот за локална самоуправа го дефинира „непосредното учество на граѓаните“ како поединечно или колективно вклучување на жителите на општината во одлучување за работи од локално значење во различните нивоа на одлучување (член 2).

Во Македонија граѓанското учество на локално ниво е многу ниско. Граѓаните многу малку учествуваат во развојот и дефинирањето на јавните политики. Јавните дискусии за состојбите и потребите на граѓаните на локално ниво се основа за развој и афирмација на граѓанското учество и начин на практикување на партиципативно и отчетно добро владеење на локалната самоуправа.

Општа цел на проектот е зголеменo и овластенo учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво. Цели на проектот се зголеменo и овластенo учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво и развиени локално-административни капацитети за децентрализација и демократизација во решавање на заедничките потреби и проблеми на локалните заедници, во партнерство со граѓаните и сите локални релевантни чинители.

Целна група на проектот се граѓаните од општините Куманово и Липково.

Целното подрачје ја опфаќа територијата на општините Куманово и Липково. Очекувани резултати на проектот се: развиени вештини и ставови на граѓаните и локалните самоуправи за активно учество на граѓаните во развојот на заедницата на локално ниво, и спроведени проекти избрани на групните сесии во заедниците.

За постигнување на резултатите ќе бидат одржани групни сесии (структурирани дискусии) во три селектирани мали заедници (села), работилници, обуки и консултации за: проектно планирање, формулација на проекти и подготовка на буџети, и финансирање и набљудување на спроведувањето на проектите избрани на групните сесии.

Временскиот период на спроведување е од 1 септември 2015 до 30 март 2016 г.

Финансискиот план на проектот изнесува 7.176.180  МКД.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми