Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Информирање на тутунопроизводителите во Кривогаштани PDF Печати Е-пошта

Одгледување на тутун во Македонија има многу долга традиција. Во Пелагонискиот регион, одгледување на тутун е најзастапено во општините Кривогаштани, Долнени и Прилеп. Иако работната сила во земјоделскиот сектор е еден од главните фактори на производство во преработувачкиот процес, прашањето за вклучување на децата во процесот на производство како  и обезбедување правичност помеѓу сопствениците на земјоделските површини и ангажираните работници стана традиција која се повторува секоја година. Пред извесно време Philip Morris International, Inc. (PMI) го усвои инструментот за Земјодлески работни практики (ALP), кој ja нагласува потребата за надгледување на вклучувањето на децата во земјоделските активности и на статусот на земјоделските работници. 

Во претходните две години, МЦМС беше вклучен во спроведување на пилот фазата која опфати информирање на ангажираните работници во процесот на тутунопроизводството како и на самите земјоделци за теми поврзани со работничките права, трудот и земјоделските практики. Тоа имаше за цел да создаде механизам преку кој земјоделските работници ќе можат да ги посочат нивните проблеми, но и да обезбеди поддршка и информирање на земјоделците во општина Кривогаштани, со што во крајна линија ќе се подобрат условите за работа и бизнис практиките. 

При посетите на фармите забележано беше дека некои тутунопроизводители не ја сфаќаат важноста на сите ALP принципи со соодветни сериозност, особено кога станува збор за детската работа. Врз основа на оценката на пилот проектот одлучено беше да се продолжи проектот во општина Кривогаштани со посебен фокуст на следење на  вклучувањето на децата во земјоделските активности и на статусот на земјоделските работници (аргати). 

Општа цел на проектот е да овозможи унапредување на социјалниот и економскиот развој во регионот. Цел на проектот е да создаде механизам за поддршка на тутунопрозиводителите и ангажираните работиници кај нив, вклучително елиминирање (намалување) да детската работа. Овој механизам треба да обезбеди долгорочно спроведување на ALP принципите, особено во однос на спречувањето на детска работа и можната злоупотреба на ангажираните работници.

Целна група се тутунопроизводителите, ангажираните земјоделски работници (надничарите во тутунопроизводството), откупувачите и релевантните институции. Директни корисници се тутунопроизводителите со семејства кои имаат деца, ангажираните земјоделски работници (надничарите во тутунопроизводството) и тутунопроизводителите. Целното подрачје е Општина Кривогаштани.

Очекуван резултат од проектот е фунционален поддржувачки механизам за работните практики и детската работа во тутунопроизводството во општина Кривогаштани. 

Периодот на спроведување на проектот е 2 јануари – 31 декември 2015 г. 

Буџетот изнесува 1.225.437 МКД. 

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми