Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Топ тема на ваша страна PDF Печати Е-пошта

top-tema-na-vasha-stranaВо последните неколку години слободата на медиуми во Македонија е сериозно загрозена.  Европската комисија забележа дека земјата сериозно назадува и дека „има недостаток од независно информирање и објективни информации достапни на јавноста“. Според извештаите на Фридом хаус (Freedom House)  македонските медиуми се „делумно слободни“ бидејќи голем дел од нив се поврзани со определени политички или бизнис интереси кои влијаат врз нивната содржина. Во демократските општества медиумите играат клучна улога во обликувањето на јавното мислење. Медиумскиот плурализам е особено важен бидејќи овозможува различни политички идеи и ставови да циркулираат слободно и рамноправно  во јавноста. Ова значи дека секој медиум треба да се обиде да обезбеди така наречен внатрешен плурализам на вести, односно да ги презентира сите спротивставени ставови и гледишта во однос на определена тема. Медиумите, особено телевизиите имаат големо значење за информирањето на граѓаните за плурализмот на ставови и мислења во општеството.

Општа цел  на проектот е да се зголеми плурализмот и транспарентноста во медиумската средина и/или да се зголеми пристапот на граѓаните до информации преку дистрибуирана содржина и креирање атмосфера со информирани и активни граѓани кои знаат како да ги искажат своите интереси, да делуваат заеднички и да бараат отчет од носителите на јавни функции.

Целта на проектот е создавање информирано граѓанство кое е способно да ја креира својата иднина преку изразување на своите преференци, дебати и аргументирана дискусија презентирани во информативна емисија „Топ тема на ваша страна“.

Целна група се граѓаните и гледачите како корисници на информации, граѓанските организации, маргинализирани групи, млади лидери и успешни жени, носители на јавни функции и политичари, експерти и граѓански активисти и целата јавност. Дел од целната група исто така ќе бидат и новинари, оние инволвирани во проектот, но и тие кои ќе бидат изложени на ново и различно функционирање на медиумот преку имплементација на активностите,  што ќе  придонесе кон подобрување на содржината, поактивни граѓани и вклучени гледачи. Директни корисници се гледачите како корисници на информации, граѓанските организации. Целно подрачје е територијата на Република Македонија.

Очекувани резултати на проектот се:

  1. Подобрена медиумска содржина;
  2. Информирани и мотивирани граѓани способни да се вклучат во своите заедници и управувачките структури (дискусии за општествено важни прашања кои влијаат врз иднината на општеството);
  3. Иновативни методи за вклучување на граѓаните во дискусиите за општествено важни приказни.

Резултатите ќе се постигнат низ три групи активности

Продукт од проектот ќе биде информативна политичка емисија со наслов  „Топ тема на ваша страна“, која ќе биде емитувана три пати неделно. Со употреба на новите медиуми ќе се обезбеди интеракција со публиката која традиционалните медиуми како што е телевизијата, заради природата на нивното функционирање, не ја обезбедуваат. Продукти од проектот ќе бидат и: публикации во кои ќе бидат објавени резултатите од спроведените истражувања, обуки за граѓанско новинарство, натпревари за фотографија и стории со потенцијал да бидат вести. 

МЦМС ќе го спроведе проектот во партнерство со Телевизија Телма. 

Периодот на спроведување е 1 октомври 2016 г. – 30 септември 2018 г.

Потребните финансиски ресурси се обезбедени од Агенција за меѓународен развој на САД (УСАИД). 

Буџетот изнесува 7.376.400 МКД.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми