Консултации за различните актери на граѓанското општество - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Консултации за различните актери на граѓанското општество PDF Печати Е-пошта

Својата генерална стратегија МЦМС ја заснова на зајакнување на луѓето, особено на маргинализираните групи за учество во донесувањето на одлуки, зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и создавање на овозможувачка околина за функционирање на граѓанското општество. Програмите на МЦМС придонесуваат кон јакнење на граѓанскиот сектор и обезбедуваат одреден степен на стабилност. Во новата среднорочна стратегија на МЦМС развојот на граѓанското општество и понатаму е една од стратешките цели.

Консултации за различните актериМЦМС има придонесено кон развојот на граѓанското општество  преку градење на капацитетите на ГО и преку креирање на поволна институционална и правна околина.

МЦМС како во минатите, така и оваа година активно е вклучена во активности за градење на капацитети.

Општа цел на проектот беше развиени организациски и институционални капацитети на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество.

Цел на проектот беше зајакнати човечки ресурси помеѓу актерите на ГО во Македонија.

Целна група на проектот беа актерите на граѓанското општество, односно формалните граѓански организации и мрежи, бизнис сектор, политички партии, владин сектор и сите останати кои имаа потреба од обуки и консултации.

Очекуван резултат на проектот беше:

Обезбедени знаења и вештини кои придонесуваат кон развивање на капацитетите на претставници на граѓанските организации и други актери на грѓанското општество, како и на сите други на кои МЦМС ќе им испорача скроена обука по нарачка.

Временски период на спроведување на проектот беше 01 март-31 декември 2008 г.

Активностите кои беа реализирани во рамките на овој проект се следниве:

Од 20-21 март 2008 г. во Скопје беше спроведена Обука за обучувачи за International Centre for Migration Policy Development за 8 учесници.

Во периодот март-април 2008 г., за потребите на ОБСЕ, беше направена оценка на Акцискиот план за борба против трговија со деца во РМакедонија, за потребите на Подгрупата за набљудување на спроведувањето на Стратегијата за борба против трговија на луѓе и илегалана миграција во Република Македонија.

Истотака, за потребите на ОБСЕ, поточно Подгрупата за набљудување на спроведувањето на Стратегијата за борба против трговија на луѓе и илегалана миграција во Република Македонија, во периодот септември – ноември беше направена оценка на „Националниот акциски план за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во Република Македонија“.

За потребите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, во периодот 15-17 септември 2008 г., беше спроведена обука за „Комуникациски вештини“. Обуката траеше 3 дена и на неа учествуваа 8 учесници.

Во рамките на овој проект од МЦМС беше побарани испорака на неколку скроени обуки за потребите на регионалниот проект „Институционално јакнење на прекуграничната соработка (CBIB)“ финансиран од Европската комисија. Вкупно се одржаа 7 обуки на тема „Подготовка на предлог за грант – 2 компонента на ИПА“. Обуките се одржаа во Битола 15-16.9.2008 г. со вкупно 35 учесници; Скопје 18-19.9.2008г.  со вкупно 25 учесници; Бања Лука 22-23.09.2008 г. со вкупно 28 учесници, Сараево 25-26.9.2008 г. со вкупно 29 учесници, Подгорица 02-03.10.2008 г со вкупно 26 учесници, Бања Лука 06-07.10.2008г. со вкупно 34 учесници   и Мркоњиќ Град 08-09.10.2008 г. со вкупно 36 учесници.

Во периодот од 26-27 ноември 2008 г. во Охрид беше спроведена обука: „Пристап и подготовка на аликации за ЕУ фондови„ за партнерите на NorvrgianChurcAid, за 29 учесници.

Во ноември 2008 год. беа спроведени две работилници за: “Механизам за полова еднаквост во локална самоуправа“ за партнерските организации на ОБСЕ од Тетово и Куманово.

По нарачка на Фондацијата Fridrih Ebert Stiftung, Скопје беше испорачана обука на тема: “Вовед во неопходните алатки за успешни односи со медиумите, конференција за печат и изјава за медиумите“. Беа испорачани последователно 3 (три) тренинга за претставници на општинските организации на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и тоа: во периодот од 25-26.10.2008 год. во Струмица со 9 учесници, од 15-16.11.2008 год. во Струга со 19 учесници и 29-30.11.2008 год. во Маврово со 10 учесници.

Во периодот 28-29.11. и 12-13.12.2008 год., по нарачка на ОБСЕ беше испорачана Обука за вештини на комуникација за Здружението на млади правници, Скопје, на која присуствуваа 8 учесници.

Во периодот 29-30.12.2008 год. по нарачка на Еврејската верска заедница, Скопје беше испорачана Обука за административно работење, на која учествуваа 14 учесници.

Во ноемри 2008, од страна на Сојуз на стопански Комори на Македонија, беше побарано да се спроведат две активности и тоа:

„Проценка на капацитетите на ССКМ“ и фацилитација на процес на „Стратешко планирање“. Мисијата за проценка на капацитети на ССКМ започна со реалзиција кон крај на ноември, и очекувањето е дека активноста ќе заврши во месец јануари 2009. Додека втората активност, фацилитација на процесот на стратешко планирање ќе се спроведе во периодот јануари – март 2009.

Во рамките на активностите поврзани со односите со јавност, за промоција на скроените обуки и консултации по нарачка МЦМС публикуваше брошура во која се содржат обуките и консултациите кои ги испорачува МЦМС. Исто така, обуките кои ги испорачува МЦМС беа објавени на веб страниците на МЦМС www.gragjanskisvet.org.mk и www.mcms.org.mk, а беа огласени и на електронската мрежа ДАТА БАНК. Освен ова, МЦМС го промовираше своите обуки и на манифестацијата Денови на образование.

Гонце Јаковлеска и Грамоз Шабани, одговорни соработници во Одделението за информации изработија стории/интервјуа со учесниците, и истите беа обајвени на веб страната на МЦМС.

Со цел што е можно поточно и поконкретно да се евалуираат специфичностите на спроведените обуки, за времетраењето на обуките се спроведоа евалуации преку стандардна форма на прашалници. Според податоците од овие прашалници учесниците добро го оценуваат стандардот на организацијата на обуката, како и компетентноста и стручноста на обучувачите. По сите обуки високо беа оценети и јасноста, разбирливоста и корисноста на содржините на обуките.

Буџетот на проектот изнесува 234.792,50МКД (директни трошоци).

Извршно резиме од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми