Промоција на даночните поттикнувања за физичките лица - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Промоција на даночните поттикнувања за физичките лица PDF Печати Е-пошта

Донирај од својот персонален данок на доходВо јануари 2007 година беше донесен Законот за донации и спонзорства во јавните дејности (ЗДСЈД). Целта на донесувањето на ЗДСЈД беше да се овозможи поголемо вклучување на физичките и правните лица преку даночни олеснувања и ослободувања за донирањето и спонзорирањето. Даночните поттикнувања кај персоналниот данок за физичките лица кои донираат, предвидени со ЗДСЈД може да придонесат во зголемувањето на домашната поддршка на граѓанските организации, но и тие да ги зацврстат врските со своите целни групи или општо со граѓаните. Оваа можност е сè уште непозната кај можните донатори (засега ограничен број околу 30.000 физички лица кои поднесуваат даночни пријави), граѓанските организации треба да преземат активности за нејзино промовирање.

Општа цел на проектот беше придонес кон финансиската одржливост на МЦМС преку јакнење на јавната свест за можностите за поддршка на граѓанските организации.

Цел на проектот беше да се промовираат даночните поттикнувања кај персоналниот данок за физичките лица.

Целна група на проектот беа граѓаните на Република Македонија. Директни корисници беа МЦМС, Полио плус, а потенцијално и сите други граѓански организации во Република Македонија. Целно подрачје е Република Македонија. Проектот се реализираше во Скопје.

Очекуван резултат на проектот беше поттикнати физички лица - даночни обврзници да одвојат дел од персоналниот данок на доход за МЦМС или другите граѓански организации за активности од јавен интерес.

За реализација на проектот се спроведоа следните активности:

а) Медиумска кампања: Во дневните весници беше објавен оглас со кој се информираат граѓаните за можноста да донираат дел од својот персонален данок на доход за проекти на граѓанските организации. Освен информација за можноста беше наведена и постапката за донирање.

б) Промоција на Интернет: Од 7.12.2008 г. функционира новиот веб-сајт на МЦМС. Во структурата на сајтот е предвиден дел за поддршка на МЦМС. Во овој дел се осмисли содржина со која граѓаните се информираат на кој начин може да се вклучат во или пак донираат за активностите на МЦМС, како и за можноста дел од својот персонален данок на доход да го донираат за некој од проектите на МЦМС. Направен е преглед на проекти на МЦМС кои се од јавен интерес и тој е објавен во овој дел од веб-сајтот на МЦМС.

в) Директна пошта: МЦМС испрати известување до сите свои соработници за можноста да донираат дел од својот персонален данок на доход за проектите на МЦМС. Известувањето беше пратено навремено, поточно пред рокот за поднесување на даночните пријави.

Преку телефон и на е-маил адресата објавена во огласот се јавија повеќе заинтересирани граѓани за да побараат дополнителни информации за можноста за донирање од нивниот персонален данок на доход. До затворањето на проектот, 31 декември 2008 година, до МЦМС беа направени уплати во износ од 19,792 МКД.

 

Извршно резиме од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми