Кампања за недискриминација - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Кампања за недискриминација PDF Печати Е-пошта

Почнувајќи од 2007 година, која од страна на Европската комисијата беше назначена како „Европска година на еднакви можности за сите“, МЦМС работи на активности за недискриминација и придонес кон општата цел на Европската година „да ја зајакне свеста за вредностите на праведно, кохезивно општество, во кои има еднакви можности за сите“. Во држава како Македонија, каде правната заштита на многу групи сè уште не е осигурана, примерот на Европската година носи важна порака која треба да биде пренесена низ целата земја. Македонија нема развиено темелна анти-дискримина-циска легислатива, но и однесу-вањето на луѓето е во голема мерка дискриминирачко.

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Полио плус – група за поддршка на луѓето со хендикеп и Центарот за човекови права и разрешување конфликти (ЦЧПРК), ги здружија силите за да го насочат вниманието на јавноста кон проблемот на дискриминацијата во земјата и да ги започнат неопходните промени.

Општа цел на проектот е да создаде ефективна и функционална рамка за еднакви можности на сите луѓе во Македонија.

Цел на проектот беше да се придонесе кон зголемена јавна свест за толеранција, прифаќање на разликите и концептот за еднакви можности.

Целна група на проектот беше јавноста во Република Македонија. Директни корисници беа лицата кои се дискриминирани врз една или повеќе основи, меѓу кои: хендикеп, возраст, етничко или расно потекло, религија и уверувања, род и други основи.

Целно подрачје беше Република Македонија. Повеќето од активностите се водеа на национално ниво, но одредени аспекти беа децентрализирани на локално ниво.

Кампањата за недискриминација беше наменета за општата јавност, но и за конкретни целни групи, како на пример граѓанските организации, медиумите и училиштата. Кампањата беше осмислена да се одвива преку неколку различни пристапи, односно преку електронски и печатени медиуми, преку интернет презентации и преку подготовка и дистрибуција на промотивни материјали. 

За потребите на проектот маркетинг агенцијата Детла Ексклузив подготви еден телевизиски спот под мотото Еден до друг – различни, а еднакви и Медија план за емитување на истиот. Телевизискиот спот под мотото Еден до друг – различни, а еднакви беше емитуван на неколку национални телевизии: МТВ, А1, А2, Канал 5, Алсат. Во периодот до крајот на март 2009 година имаше околу 100 емитувања (речиси двојно повеќе од планираното и договореното, главно заради добиени попусти особено во МТВ), а емитувањето на некои телевизии продолжи бесплатно и по крајниот рок на проектот. Покрај телевизиското претставување во рамките на проектот беа реализирани и објави во печатени медиуми (Фокус, Ревија екологија), неколку интервјуа, како и јавни дебати (главно во струмичкиот регион, во организација на Евангелско-методистичката црква).

Интернет страницата www.equal.org.mk беше постојано ажурирана со материјали и настани кои се одвиваа во рамките на кампањата, а беше подготвена и софтверска апликација за индивидуален мерач на дискриминацијата (десктоп интерактивна алатка, која комуницира со корисникот на дневна основа и автоматски се ажурира, потсетувајќи го да не дискриминира). Покрај овие активности преку кампањата беа подготвени следните промотивни материјали: изработени се 1000 маички под мотото Еден до друг-различни, а еднакви; публикувани се 2000 календари, 2000 постери, 2000 флаери, 4000 банери, 2000 беџеви и еден документарен филм, а воедно беа реализирани и две јавни дебати за недискриминација.

Преку проектот се обезбеди зајакнување на свеста кај општата популација за недискриминација и почитување на разликите, беше промовиран и концептот на еднакви можности, како кај општата јавност и кон посебни целни групи (граѓански организации, училишта, медиуми).

Извршно резиме од проектот.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми