Адресар на ЕЛС и веб портал за локален развој - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Адресар на ЕЛС и веб портал за локален развој PDF Печати Е-пошта

Со процесот на децентрализација, голем дел од надлежностите за локалниот развој се делегирани на општинските администрации. Кај голем дел од локалните самоуправи, посебно руралните, човечките капацитети се недоволни за приближување на општините до граѓаните, реализирање на нови развојни инцијативи и испорака на поквалитетни услуги.
Ефективно спроведување на новите ингеренции делегирани со процесот на децентрализација е условено од изградениот институционален и управувачки капацитет кој се јавува како еден од најважните фактори во обезбедување долгорочен и одржлив развој на заедниците.

Општа цел на проектот беше подобрени услуги за граѓаните во заедниците.

Цел на проектот беше изградена (зајакната) јавна поддршка за општините, посебно руралните и поттикната поголема меѓусебна информираност и комуникација на самите општини како и со другите актери од јавниот, деловниот и граѓанскиот сектор.

Целна група на проектот беа заедниците и институциите, како локалните така и меѓународните.

Директни корисници на проектот беа единиците на локалната самоуправа.

Целното подрачје ја опфаќаше целата територија на Република Македонија.

Очекувани резултати беа: подготвен и објавен Адресар на ЕЛС, спроведено истражување и подготвен и ажуриран веб портал www.lokalenrazvoj.org.mk

Активностите се реализираа преку: концепција за дефинирање на содржината на адресарот; изработка на прашањата за општините; собирање на информации за самите ЕЛС; подготовка на Адресар на единиците на локалната самоуправа; подготовка на база на општините; спроведување на истражување од податоците од адресарот; и изработка и ажурирање на веб портал за единиците на локалната самоуправа.

Во соработка со Заедницата на единиците на локалната самоуправа беше концептирана содржината на Адресарот, со што беа изработени прашања и во облик на прашалник беа испратени до сите 84 општини. Заради не ненавремено доставување на прашалниците од страна на 20 општини, беше пролонгиран рокот за испраќање, а со тоа и проектот беше пролонгиран до крајот на месец септември.

Во Адресарот се објавени контакт информации за општините, опис на општината, податоци за Локален економски развој и Локален еколошки акциски план, буџет на општината, структура и организациска поставеност на ЕЛС, советници и урбани и месни заедници, сектори и одделенија на ЕЛС, податоци за јавни комунални претпријатија и јавни претпријатија, образовни - здравствени и културни институции, најважни културни настани, реализирани, тековни и планирани проекти на општината.

Адресарот е објавен на македонски, албански и англиски јазик во електронска верзија и испечатени се 500 ЦД.

Во рамките на проектот е подготвен и ажуриран веб порталот за локален развој www.lokalenrazvoj.org.mk. На веб порталот се објавени информации од активностите на општините, кои се прибираат од веб странците на самите општини, дневниот печат, информативните агенции и други достапни извори. Порталот исто така содржи релевантни повици, измени на закони, информации за обуки и консултации, конференции релевантни за општините. На порталот е поставен и Адресарот на единиците на локалната самоуправа, како и други публикации релевантни локалниот развој. Информациите се прибираат на дневна основа, по што се прави селекција и се објавуваат на страницата.

Основната претпоставка за реализирање на целите во рамките на проектот беа подготвеноста на општините да ги исполнат очекувањата на МЦМС и постоењето на капацитет на локалните самоуправи за навремено и целосно пополнување на прашалникот за потребите на Адресарот.

МЦМС имаше одговорност за управување и спроведувадње на проектот.

Временскиот период на спроведување беше 13 мај – 30 септември 2009 година.

Финансискиот план на проектот изнесуваше 747.710,50 МКД (директни трошоци). МЦМС обезбедува 747.710,50 МКД (директни трошоци) средства кои се донација на ЕЕД од Германија (www.eed.de).

 

Извршно резиме од проектот

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Програми