Водоснабдување на општина Јегуновце Печати
Понеделник, 13 октомври 2008 10:16

ВОЈОд трите планирани проекти, во текот на 2009 г. реализирани беа два проекти: “Инфраструктура за водоснабдување на општина Јегуновце“ и “Кампања за јакнење на јавната свест за водоснабдување“, додека проектот за “Јакнење на капацитетот на ЈКП“ Јегуновце беше откажан.

Успешното комплетирање на претходната фаза која што во најголем дел беше реализирана во текот на 2008 г. за изработка на бунар и техничка документација, овозможи започнување на тендерските постапки за градба на објектите на водоводниот систем.

Во мај беа направени сите подготовки и консултации за изработка на тендерската документација при што беа вклучени меѓународните консултанти и претставниците на о. Јегуновце. Во средината на јуни беа распишани три тендери за јавна набавка за изведба на различни фази од водоводниот систем. Во текот на јули и август спроведени и оценети беа трите тендери. При проверката и оценката на тендерите, покрај МЦМС вклучени беа и по еден претставник од општина Јегуновце и локалното ЈКП, двајца надворешни консултанти од КС, вклучително и еден директен претставник на КС.

Вклучувањето на голем број различни актери во овој процес бараше подолго време за да се усогласат сите вклучени претставници во процесот на оценката на најповолните понудувачи. По завршување на овој процес беше направен избор на три различни набавувачи на потребниот материјал и два изведувачи на градежните работи. Најголемиот дел од изведбата на главниот цевковод од 10,2 км и двата резервоари од по 400 м3 е реализиран до крајот на 2009 г. Одредени мали завршни фази, кои во најголем дел се поврзани со потребно време за обезбедување на одредени технички предуслови, како и постигнување на неопходниот квалитет ќе се реализираат во текот на јануари 2010 г.

Делот за електрика (трафостаница, енергетски приклучок и поврзување на објектите) кој првично не беше предвиден со секторскиот план се покажа како неопходна за успешно ставање во функција на целиот систем. КС и МЦМС изготвија барање до норвешкото МНР за обезбедување на дополнителни 60.000 евра како и нови три месеци за реализација на оваа активност. Во меѓувреме о. Јегуновце со поддршка од МЦМС успешно аплицираше до владините фондови и успеа да обезбеди дополнителни 130.000 евра за целосно завршување на регионалниот систем со кој се опфатени 13 села.

Во овој период се спроведе „Кампањата за јакнење на јавната свест за водоснабдување“. За потребите на кампањата беше подготвен, отпечатен и дистрибуиран промотивно-информативен материјал (брошура, торба, чаша, пенкало, запалка) за сите 1.962 домаќинства од 12-те села. Заради активностите кои ги имаа училиштата во врска со екстерните тестирања, немаше услови за одржување на едукативните часови во учебната 2008/2009 г., но истите се одржаа во учебната 2009/2010 г. во периодот ноември-декември.

На едукативните часови учество земаа 225 ученици од петто до осмо одделение од трите основни училишта во о. Јегуновце. За учениците, нивните наставници и родителите беше организиран и еден полудневен едукативен настан, каде 36 ученици се натпреваруваа во пишување, цртање и знаење за водата. Сите ученици добија соодветна награда за покажаниот интерес и знаење. Во периодот октомври – декември се подготвија и одржаа 12 информативни средби со жителите на опфатените села, на кои учествуваа околу 600 жители, а беше одржана и заедничка средба со сите претседатели на месните заедници.

За незапочнатиот проект „Градење на капацитети за ЈКП“, Асоцијацијата на норвешки општини (КС) побара дополнително време за консултации со МЦМС. Условот за започнување на проектот доставен до о. Јегуновце да назначи нов директор на ЈКП, вклучително и ангажирање на минимален број вработени не беше исполнет. Врз основа на тоа, како и заради неможноста КС да го реализира својот дел од активностите за градење капацитети, овој проект беше откажан.

Извршно резиме од програмата.

Проекти:

Завршени проекти:


Поврзани: