Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Перцепции и ставови за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автор: Гонце Јаковлеска
Датум: јуни 2017г.
PDF: percepcii-i-stavovi-za-sluchuvanjata-vo-sobranieto-27-4-2017.pdf

percepcii i stavovi za sluchuvanjata vo sobranieto 27 4 2017Телевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) спроведоа истражувања на јавното мислење на тема: „Перцепциите и ставовите за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април“.

Овие настани се сметаат за точка на прекршување на политичката криза која почна во почетокот на 2015 година со објавувањето на тнр. бомби на опозициската СДСМ и нејзиниот лидер, Зоран Заев. Изборите од декември 2016 година не ја донесоа посакуваната разрешница. Предноста од двајца пратеници што ја доби ВМРО-ДПМНЕ на изборите не му обезбеди мнозинство за формирање влада. Различното толкување на уставните одредби од страна на Претседателот на РМ уште повеќе ја зголеми неизвесноста во разрешувањето на политичката криза. Преговорите на СДСМ со партиите на етничките Албанци за формирање парламентарно мнозинство и влада беше проследено со контроверзни информации за наводна „Албанска платформа“ и протести под мотото „За заедничка Македонија“. 

Покрај ова, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го блокираше изборот на Претседател на Собранието на РМ што го оневозможуваше редовното работење на највисоката законодавна институција. 

Настаните во Собранието започнаа со свикувањето на седница на која мнозинството избра Претседател на Собранието на РМ, а продолжија со упадот на протестантите (од „За заедничка Македонија“) во Собранието и насилството врз пратениците кое заврши со 83 повредени лица меѓу кои пратеници, новинари и полицајци. Насилствата беа осудени, а изборот на Претседател на Собранието на РМ беше поздравен од едни, и оспорен од други чинители. 

Сакајќи да понуди информации за тоа какви се перцепциите на граѓаните за овие настани, МЦМС и Телма, со поддршка на М-Проспект спроведоа анкета овие случувања. Анкетата ги опфаќа не само прашањата на изборот на Претседател на Собранието на РМ, туку и на (не)поддршката на насилствата, протестите и улогата на Претседателот на РМ во целиот процес на примопредавање на власта. На крајот се вклучени и прашања со кои се прави проверка на рејтингот на политичките партии.  

Анкетата и овој извештај документираат еден значен, за жал темен настан, од парламентарната демократија на Македонија. На граѓаните, преку опфатените испитаници, им и им овозможуваат да ги предочат нивните перцепции, а на новинарите и другите општествено-политички чинители им даваат објективен поглед и материјал за нивните анализи на случувањата кои би и биле презентирани на пошироката јавност.   

Истражувањето е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“ подржана од УСАИД. Анкетата ја спроведе агенцијата М-проспект.

 

Проекти

Civica Mobilitas Tacso

E re

Се наоѓаш тука  : Fillimi