Одлични искуства и резултати од Акциите во заедниците - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Одлични искуства и резултати од Акциите во заедниците PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 16 gusht 2016 09:37

Претставници на Британската амбасада ги посетија селата Горно Коњаре и Умин Дол, општина Куманово и Отља, општина Липково – каде што до крајот на март 2016 година се реализираа проектите што граѓаните, преку повеќе дискусии, ги избраа како најприоритетни. Тие имаа можност да разговараат со членовите на акциските групи за процесот на приоретизирање, за задоволството од направеното и за можноста и интересот тоа да се повтори.

Odlichni iskustva i rezultati od Akciite vo zaednicite 1

Членовите на Акциската група од Горно Коњаре не криеја дека биле скептични на почетокот затоа што ваквите средби биле новина за нив. Сепак, до третата сесија, надежта дека работите се возможни растела. И за граѓаните на Умин Дол ваквиот процес бил сериозен предизвик заради недостатокот на искуство, но и заради недостатокот на меѓусебна доверба. Сепак, велат тие, крајниот резултат им влеал надеж дека поместувањата се возможни ако се размислува за општото добро.

Претставниците на донаторот беа позитивно изненадени од одлуката на општина Куманово финансиски да го поддржи реализирањето на уште два проекти. Благодарение на тоа, покрај проектот за изградба на санитарен  јазол во ООУ „Карпош“, во Умин Дол се реализираше и проектот за изградба на парк со детско игралиште, кој опфаќа и уредување на  училишниот двор и пристапот до него. Додека пак во Горно Коњаре, покрај асфалтирањето на улицата од Ветеринарната станица до локацијата „Бара“, ќе се постават и бекатон плочки на улиците низ селската населба.

Odlichni iskustva i rezultati od Akciite vo zaednicite 2

Претставниците на Акциската група во село Отља изјавија дека одлуката да се поддржи проектот за изградба и опремување на ново спортско игралиште од отворен тип била прилично извесна заради спортската историја на селото од кое неколку фудбалери играат во европските клубови. Но, и покрај тоа, тие велат дека дискусиите за време на процесот биле вредни бидејќи се разработиле други теми што се од егзистенцијално значење за жителите. Посебно беше истакнато дека село досега не било вклучено во ниту една програма или проект од ваков тип и дека тоа придонело за поголема кохезија меѓу жителите.

Сите изразија огромна благодарност кон Британската амбасада и МЦМС за спроведувањето на проектот и надеж дека во иднина повторно ќе бидат вклучени во ваков тип на проекти.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Одлични искуства и резултати од Акциите во заедниците