Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Работилници за организациски развој и институционално јакење PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 11 prill 2017 12:17

Во периодот од 21 до 24 март 2017 година, се одржаа три работилници за организациски развој и институционално јакнење наменети за 48 институционални грантисти на Цивика мобилитас.

Rabotilnica za gradenje kapaciteti 2

Присутни беа 60 претставници од управувачките структури и лица кои се директно вклучени во активностите на организацискиот развој. Работилниците ги водеше Ана Василаче, меѓународен експерт на програмата.

Институционалните грантисти од првата година се сретнаа да споделат искуства од текот на спроведување на нивните работни планови, како и предизвиците со кои се соочуваат. Целта на овој настан беше мотивирање на грантистите за подготовка на плановите за организациски развој преку соработка со други грантисти кои ги поминале сите фази на подготовка.

Rabotilnica za gradenje kapaciteti 1

За претставниците на втората група на институционалните грантисти се одржа третата работилница „Работење заедно за општествени промени“, на која се обрна внимание на чекорите за елаборирање на плановите за организациски развој.

На првата работилницата за третата генерација институционални грантисти беа објаснети чекорите за процесот за организациски развој, животниот циклус на организациите, а се презентираше и процесот на учење преку работа. 

Активностите за градење капацитети на институционалните грантисти имаат за цел оспособување на грантистите за поефективно остварување позитивни општествени промени; зголемување на нивната свест за да предизвикаат позитивно влијание врз општеството, како и зајакнување на нивните капацитети за да имаат влијание во секторите во кои се активни.

 
civica-logo
tacso-logo

E re

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Работилници за организациски развој и институционално јакење