Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Работата на ДКСК во првиот квартал од 2017 година PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 10 gusht 2017 13:42

dksk kvartalen izvestaj 2Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го објави вториот квартален извештај „Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата“ што го опфаќа периодот од 1 јануари до 31 март 2017 година.

Извештајот дава осврт на три сегменти од работењето на ДКСК: Креирање антикоруциски стратегии и политики; надзор и контрола и соработка и едукација. 

Во овој период, ДКСК го објави својот Годишен извештај за 2016 година кој дава делумна слика за остварувањето на надлежностите. При анализата е забележено намалување на деталноста во однос на претход¬ните извештаи; нееднаков пристап во претставување на податоците; отсуство на преглед на реализација на индикаторите на остварувањата предвидени во годишната програма за работа. 

ДКСК одговорила на 1.460 барања за мислење од страна на државни институции за примена на Законот за спречување на корупцијата во изборен процес. Тие најчесто се однесувале на преземање постапки за вработување, постапки за јавни набавки, постапки за издавање под закуп на имот во државна сопственост, како и мислења по барања за вонредни исплати на буџетски или фондовски средства на централно и на локално ниво. 

ДКСК отворила 16 предмети за можните злоупотреби на буџетските средства, јавните фондови и средствата на јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал за парламентарните избори одржани во декември 2016 г., но, не подготвила посебен извештај којшто треба да го достави до Собранието на Република Македонија. Сите предмети се поврзани со ограничувања во користење на буџетските средства за време на изборниот процес. 

Анализата покажува дека ДКСК не презела конкретни мерки за примена на Законот за заштита на укажувачите. Само 18 од вкупно 1.291 институција активна во јавниот сектор доставиле полугодишни извештаи за примени пријави од укажувачи (за второто полугодие од 2016 година), а само 29 институции ја исполниле обврската за доставување информација за лице  овластено за прием на пријави од укажувачи. ДКСК не го искористила правото да ги казни институциите за непостапувањето и останала кратка за 162.800 евра кои можела да ги наплати.

ДКСК активно ги спроведувала активностите на полето на соработка и едукација. Потпишан е Меморандум за унапредување и проширување на соработката со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и со Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Беа организирани и две работилници на кои учествуваа вкупно 71 претставник на државни институции, меѓународни организации, граѓански организации и медиуми.

Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијатa: Квартален извештај бр.2

dkskki2 zaklucoci

Извештајот е дел од проектот „Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата“ што го спроведува МЦМС, а финансиски е поддржан од Британската амбасада во Македонија.

 

Проекти

Civica Mobilitas

 

Tacso

E re

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Работата на ДКСК во првиот квартал од 2017 година