Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Анализа на државното финансирање PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E hënë, 30 tetor 2017 16:51

Analiza na budzhetskoto finansiranje na gragjanskite organizacii na centralno nivoМЦМС ја објави Анализата на буџетското финансирање на граѓанските организации на централно ниво. Во неа, уште еднаш се потврдува потребата од реформирање на постоечкиот модел за државно финансирање на граѓанските организации. Обидите за реформирање траат веќе 10 години, односно од донесувањето на првата Стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор. Ова го оневозможува ефективното користење на потенцијалот на граѓанското општество од страна на државата. 

Финансирањето на граѓанските организации од средствата на буџетот на РМ на централно ниво е законски уредено, но висината не е соодветна на потребите. Просечниот удел на ставката 463-Трансфери до невладини организации, во последните четири години, изнесува 0,14% од вкупните расходи на буџетот на РМ (над 4 милиони евра годишно) бележи тренд на намалување, т.е. растот на вкупните расходи не е проследен со правопропорционален раст на средствата наменети за организации.

Буџетските средства од централно ниво се доделуваат на три начини: преку отворен повик, преку отворен повик за ограничен вид на организации и директно со правен акт. Доминантен начин за доделување финансиска поддршка е директно со законски акт (48%).  

Во Анализата ќе најдете и податоци за околината во која дејствуваат граѓанските организации, за постоечкиот модел на државно финансирање, за законската основа за финансирањето од буџетските средства, начините на финансирање по различни органи на државна управа, како и сите фази од постапката на доделување и управување со средствата.

Анализата е дел од проектот „Кон реформирано државно финансирање за граѓанските организации“, поддржан од Европската Унија.

 

Проекти

Civica Mobilitas Tacso

E re

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Анализа на државното финансирање