Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Нова можност за приказните и фотографиите/видеата на граѓанските новинари PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 31 janar 2018 19:50

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма го отворија вториот по ред конкурс за приказни и фотографии/видеа од граѓански новинари кој ќе трае до 11 февруари 2018 година

konkurs 2

Приказните и фотографиите/видеата треба да се однесуваат на важни општествени проблеми од непосреден интерес за граѓаните кои ќе бидат на некоја од следните теми:

  1. Образование (млади)
  2. Екологија (загадување)
  3. Корупција
  4. Дискриминаиција.

Ќе бидат избрани и наградени по три приказни и фотографии/видеа кои ќе се однесуваат на важен општествен проблем. Наградите ќе бидат во вид на ваучери кои ќе можат да се искористат за опрема која може да вклучи: фотоапарати, мобилни телефони, преносни компјутери и сл. Вредноста на ваучерите изнесува: 30.000 денари за првонаградените; 20.000 денари за второнаградените и 10.000 денари за третонаградените учесници. 

Повеќе детали за начинот на пријавување можете да најдете во конкурсот

Конкурсот е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), а спроведуван од Телевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка.

 

Проекти

Civica Mobilitas Tacso

E re

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Нова можност за приказните и фотографиите/видеата на граѓанските новинари