Бидете активни – волонтирајте! - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Бидете активни – волонтирајте! PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 25 nëntor 2010 17:33

Група од шест млади луѓе го започнаа волонтирањето во почетокот на ноември и ќе останат во МЦМС до крајот на годината. Неколку години наназад МЦМС организира волонтирање за заинтересирани лица. Волонтерите се вклучуваат во деловниот процес со помош на своите ментори кои ги водат низ секојдневните активности.

Бидете активни – волонтирајте!

„Пред  да започнам со волонтирање истражував на интернет за граѓанските организации во Македонија и за нивните цели“, вели Симона Огненовска, една од волонтерките. „МЦМС го задржа мојот интерес  бидејќи имаше одлично организирана веб страна на која можев да ги најдам сите потребни информации што за мене е показател за функционирањето на организацијата“, вели Симона.

Александра Тилевска пак, од волонтирањето во МЦМС очекува практична смисла за теориското знаење. „Очекувам и да запознам нови луѓе, да ја проучам тимската работа, индивидуалната работа, да научам нови работи кои понатаму ќе ми користат во животот.“

За дел од волонтерите ова е прво посериозно искуство. Сепак, според нив, прилагодувањето не е тешко. „Пријатната атмосфера, можноста за слободно изразување идеи, постојаната поддршка и трпение од страна на вработените кон нас неискусните волонтери придонесе брзо да се вклопиме во средината на МЦМС и да се стекнеме со најразлични знаења“, вели Симона.

„Има многу работи кои можат да се научат, а кои досега не сум ги знаела“, вели Александра. „Добив повеќе информации, за начинот на реализирање проекти, што вклучува, како се формулираат целите итн. Волонтирањето воопшто е едно искуство плус кое понатаму ќе ми користи во понатамошните аспекти од животот“, додава таа.

„Сметам дека студентите во Македонија наместо  да очекуваат вработување , треба активно да се вклучат и да волонтираат во граѓанските организации каде би можеле своите теоретски знаења да ги поткрепат со практични, да се запознаат со функционирањето на организациите и преку тоа да придонесат за постигнување на некои повисоки цели кои ќе и бидат од корист на заедницата каде тие живеат“, вели Симона.

МЦМС ќе продолжи со оваа пракса и во иднина, овозможувајќи им на младите луѓе да го видат работниот процес од внатре и подготвувајќи ги за предизвиците во животот.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Бидете активни – волонтирајте!