Повик за советник/чка (Сениор експерт/ка) за застапување Shtyp
E mërkurë, 13 tetor 2021 19:39

Македонски центар за меѓународна соработка во рамки на проектот „Патот кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“, објавува повик за ангажирање на советник/чка (сениор експерт/ка) за застапување.

Вид на ангажман: Консултантски

Времетраење на ангажманот: 21 октомври - 31 декември 2021 година.

За проектот: Проектот „Патот кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“ се спроведува од МЦМС во партнерство со НЕКСУС – Граѓански концепт, Иницијатива за европска перспектива, Плиадес и Хоризон Цивитас. 

Општа цел на проектот е: иницирање холистички пристапи за одржлива реинтеграција на ранливите семејства (вклучително и оние со повратници од странски војски) во државата. 

Цел на ангажманот 

Овозможување пристап и фацилитирана комуникација со заедниците во следните општини: Скопски регион: Чаир, Бутел, Гази Баба, Сарај, Студеничани, Арачиново; Полошки регион: Тетово; Североисточен регион: Куманово и Липково, како и други општини населени со население од мешан етнички состав.

Експертот/ката треба да ги исполни следниве услови:

  • Завршено високо образование од областа на општествените науки, политички науки, право, меѓународни односи (магистериум или докторат ќе се смета за предност);
  • Практично искуство во областите на социјална инклузија и соработка со институции (најмалку 10 години), особено со локалните самоуправи;
  • Сеопфатно знаење и разбирање на тематиката  за насилен екстремизам;
  • Практично искуство во застапување со различни чинители;
  • Запознаеност со политичкиот контекст во државата;
  • Познавање на меѓународните правни инструменти и домашните закони во областа на човекови права, заштита од дискриминација, превенција од насилен екстремизам, реинтеграција и ресоцијализација на маргинализирани групи;
  • Напредно знаење на пишан и говорен македонски, англиски и албански јазик;

Должности и одговорности 

  • Развивање на план за застапување за проектот;
  • Координирање на процесот со проектниот тим, вклучувајќи предизвици и бариери кои произлегуваат за време на задачата;
  • Фацилитација на пристапот и соработката со сите релевантни засегнати страни, особено со наведените општини;

Процедура за аплицирање

За да аплицирате, Ве молиме да ни го испратите вашето CV како и финансиска понуда (цена по експертски ден), на следната e-адреса, со ознака „Пријава за експерт/ка за застапување“, на: Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë , не подоцна од 19 октомври 2021 година.