Повик за ангажирање на консултант/ка за подготовка на извештај Барометар за еднакви можности Shtyp
E hënë, 15 maj 2023 13:52

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) објавува повик за ангажирање на консултант/ка за подготовка на извештај Барометар за еднакви можности.

Povik za konsultant 2

Со подготовка на Барометарот за еднакви можности целта е да се обработат и анализираат емпириските добиени податоци од спроведената теренска анкета за перцепциите и искуствата на граѓаните и граѓанките на полето на дискриминација. Следењето на трендовите поврзани со ставовите за распространетоста на дискриминација преставува корисна алатка како за општата така и за стручната јавност. Извештајот треба да овозможи сите заинтересирани страни да добијат увид во трендовите и потоа истите да ги користат во подобрување на мерките и политиките на национално ниво во борбата со дискриминација и нееднаквоста.

Доколку сте заинтересирани погледнете го подетално описот на надлежности.

Рокот за поднесување на документите е до 02 јуни (петок) 2023 г. на Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë   

Подготовката на извештајот Барометар за еднакви можности се реализира во рамки на проектот „Комисијата за антидискриминација ја извршува својата превентивна и заштитна улога“ кој го спроведува МЦМС, а финансиски е поддржан од Европската Унија. Дополнително, за реализација на оваа активност се направи синергија со Мисијата на ОБСЕ во Скопје кои се вклучени во подготовката и реализацијата на истата. 


Te nderlidhura: