Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Çfarë thanë për ne PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

“Освен она што го работевме со менторот, ни организираа и една кратка обука за раководење со проектен циклус. Обуката ја правевме во фази и таа сe уште трае. Сметам дека ни беше доста корисна. Она што ни треба е повеќе практично да ги правиме овие работи. Се надевам дека тоа и ќе го направиме во следниот период од обуката”, вели Дарко Маџоски.

“Кога дојдов во МЦМС, не знаев како работи една граѓанска организација нити како функционира граѓанскиот сектор. Бев еден од скептиците кога е во прашање овој сектор, а тоа веројатно и беше нормално кога имав толку малку информации. Во МЦМС одлучив да ја изберам програмата Меѓурелигиска соработка во Македонија и низ неа се запознавам со системите и процедурите, како и со активностите во овој сегмент од работата на МЦМС. Можам да кажам дека ми се смени мислењето за граѓанскиот сектор. Мојот скептицизам исчезна и сега јас се обидувам да ги ‘преобратам’ скептиците, објаснувајќи им што прави МЦМС на прашањата на меѓуверскиот дијалог. Се чувствувам поентузијастички отколку порано, мислам дека повеќе верувам дека работите можат да се подобрат”, вели Билјана Митровска.

“Јас имав можност да помагам во завршувањето на некои активности не само кај мојот ментор, туку и во други програми. Имав некоја претстава за МЦМС пред да дојдам овде и таа ми се потврди. Се уверив во тоа дека оваа организација добро функционира. Мислам дека ни е потребно повеќе време за да можеме добро да ги поминеме сите работи и што е можно подобро да ја искористиме оваа можност”, смета Александар Јовановски.

“Одбрав да бидам во програмата “Применето образование за младите Роми”, вели таа. “Пред да дојдам тука, кога ќе слушнев информации за ромските граѓански организации бев убедена дека се тоа организации коишто се формираат за да се земат некои пари, не за да се направи некој ефект во образованието на Ромите. Сега можам да кажам дека сосема го сменив мислењето. Сега, кога имам можност да ги видам извештаите за тоа што е направено за да бидат децата Роми задржани во школските клупи, сфаќам дека сум била во заблуда. Во разговорите со луѓето се обидувам да ги демантирам нивните изјави коишто се многу слични на моите поранешени ставови”, изјави Ема Стружанче.

„Пред  да започнам со волонтирање истражував на интернет за граѓанските организации во Македонија и за нивните цели. МЦМС го задржа мојот интерес  бидејќи имаше одлично организирана веб страна на која можев да ги најдам сите потребни информации што за мене е показател за функционирањето на организацијата. За дел од волонтерите ова е прво посериозно искуство. Сепак, според нив, прилагодувањето не е тешко. Пријатната атмосфера, можноста за слободно изразување идеи, постојаната поддршка и трпение од страна на вработените кон нас неискусните волонтери придонесе брзо да се вклопиме во средината на МЦМС и да се стекнеме со најразлични знаења. Сметам дека студентите во Македонија наместо  да очекуваат вработување , треба активно да се вклучат и да волонтираат во граѓанските организации каде би можеле своите теоретски знаења да ги поткрепат со практични, да се запознаат со функционирањето на организациите и преку тоа да придонесат за постигнување на некои повисоки цели кои ќе и бидат од корист на заедницата каде тие живеат“, вели Симона Огненовска.

„Очекувам и да запознам нови луѓе, да ја проучам тимската работа, индивидуалната работа, да научам нови работи кои понатаму ќе ми користат во животот. Има многу работи кои можат да се научат, а кои досега не сум ги знаела. Добив повеќе информации, за начинот на реализирање проекти, што вклучува, како се формулираат целите итн. Волонтирањето воопшто е едно искуство плус кое понатаму ќе ми користи во понатамошните аспекти од животот“, рече Александра Тилевска.

 

Проекти

Civica Mobilitas

 

Tacso

E re

Се наоѓаш тука  : Fillimi Mbështetje Inkuadrohu Çfarë thanë për ne