Симона Огненовска - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Симона Огненовска PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Симона ОгненовскаСимона Огненовска, Соработник на проект
Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë
+389 2 3065 381

Симона Огненовска работи како соработничка на проекти во рамки на групата за граѓанско општество. Својата вклученост во активностите на МЦМС ја започнува како волонтер во ноември 2010 година, а од август 2011 година е во редовен работен однос. Во 2017 година, Симона ја добива Чивнинг стипендијата и го продолжува школувањето на Лондонската школа за економија и политички науки, на тема Социјална политика и развој од перспектива на невладините организации. Претходно, се стекнува со диплома од последипломски студии на отсекот маркетинг менаџмент на Економски факулет, Европски универзитет, со тезата насловена „Влијанието на општествената одговорност на малите и средни претпријатијата врз однесувањето на потрошувачите во Р.Македонија“. 

Фокусот на нејзиното работење е поддршка на активности за обезбедување на овозможувачка околина за развој на граѓанско општество кое активно е вклучено во процесите на подготовка на закони и креирање на јавни политики. Почнувајќи од 2013 година, го координира на годишно ниво следењето на околината во која делува грѓанското општество, преку развивање на методи, прибирање на податоци и анализа. Симона е авторка на бројни анализи за овозможувачката околина во која дејстува граѓанското општество, потоа анализи и препораки за реформа на системот за државно финансирање на граѓанските организации, анализа на спроведувањето на Стратегијата на Владата за развој на граѓанскиот сектор 2012-2017, како и аналитички документи за развојната соработка на Македонија и степенот на интегрираност на Целите на одржлив развој на ОН. Симона зела учество и на бројни национални, регионални и глобални настани, меѓу кои позначајно е учеството на дебата во Европскиот парламент организирана од БЦСДН, како и учеството на Вториот состанок на високо ниво во Најроби, Кенија. Почнувајќи од 2017 година, во рамки на регионален проект воден од ЕЦНЛ ги помага земјите од Источна Европа, при развивањето на рамка за следење на околината за развој на граѓанското општество, споделувајќи го искуството при спроведување на методологијата во Западен Балкан.

LinkedIn Logo16pxhttp://www.linkedin.com/in/simonaognenovska

 
Се наоѓаш тука  : Fillimi Mbështetje Inkuadrohu Paraqitu