Национален ресурсен центар за граѓански организации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Национален ресурсен центар за граѓански организации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

grc logo mkШареноликоста и мобилноста на граѓанскиот сектор во Македонија, како и долгогодишниот период на неповолна овозможувачка околина која се карактеризира со несоработливи институции, мала финансиска поддршка од државата и недоволно развиен граѓански активизам налага континуирана потреба од давање услуги за јакнење на капацитети и општо за информирање на граѓанските организации. Граѓанскиот сектор во Македонија слично како и во земјите од регионот има потреба од подолгорочна системски осмислена поддршка за негов континуиран развој и тоа во две насоки: за зајакнување на граѓанските организации кои се независен фактор во обликувањето на општествениот живот и демократијата во земјата, и, за создавање овозможувачка околина која ќе го поддржи развојот на граѓанскиот сектор. Впрочем, ова се и двете основни цели на ЕУ насоките за граѓанското општество во Западен Балкан и Турција.

Општа цел на програмата е зајакнато граѓанско општество кое активно учествува во донесувањето одлуки и придонесува кон зајакната и партиципативна демократија во земјата.
Цел на програмата е обезбедени услуги за градење на капацитети на граѓански организации, за тие да бидат ефективни и отчетни независни актери и придонес кон опкружување кое е поволно за граѓанското општество.
Целнa групa на програмата се граѓанските организации во Македонија, граѓаните, како и релевантните државни институции и други актери на граѓанското општество.

Очекувани резултати на програмата се:

  1. Зајакнати капацитети на граѓанските организации и мрежите на граѓански организации;
  2. Граѓанските организации добиваат и се свесни за повеќето релевантни информации потребни за нивните секојдневни работни активности;
  3. Опкружувањето за граѓанското општество е поволно: подобрен е граѓанскиот дијалог, институциите се позитивни и отворени за иницијативите на граѓанските организации на национално и локално ниво.

Со програмата ќе се воспостават три ресурсни центри во Скопје, Гостивар и Штип; ќе се спроведат 18 обуки (основни и напредни) за ГО; ќе се обезбеди редовна логистичка поддршка на локалните граѓански организации; ќе се доделат oсум партнерски грантови за заеднички апликации на неразвиени организации со развиени организации; ќе се воспостави целосно функционално биро за информирање на граѓанските организации; ќе бидат дистрибуирани месечни прегледи за можностите за финансирање на ГО како и квартални прегледи со анализа на влијанието што може да го имаат законските промени врз работата на ГО; ќе се организираат 12 настани (врз основа на прашања покренати преку бирото за поддршка; ќе се организираат дваесет и седум "отворени денови на Ресурсниот центар"; ќе се доделат 10 мали грантови за поддршка на локални и национални иницијативи; ќе се подготват три годишни извештаи за состојбата на граѓанското општество и овозможувачка околина за ГО и анализа на правната и фискалната рамка за функционирање на ГО, а ќе биде воспоставена и ресурсна веб страна.

Програмата ја спроведува МЦМС во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Здружението на граѓани Медиа Плус од Штип.
Периодот на спроведување е 15 февруари 2018 г. – 14 февруари 2021 г.
Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.
Буџетот изнесува 31.230.930 денари.

Веб-страница на проектот: https://rcgo.mk 

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për ne Qëllimet tona Sundimi i drejtë