Весниците за меѓуетничките односи - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Весниците за меѓуетничките односи PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автори: Снежана Трпевска, Живко Андрески и Емилија Јаневска
Дата: мај 2005 година
PDF:   vesnicite-za-megjuetnickite-odnosi-2005.pdf

Весниците за меѓуетничките односиИзвештајот од истражувањето „Весниците за меѓуетничките односи“ е дел од поширокиот проект кој се реализира низ активноста на Македонскиот центар за меѓународна соработка, со поддршка од Европската агенција за реконструкција и во соорганизација со Здружението на новинарите на Македонија.

Во четири дневни весници и еден неделник, две години, од мај 2003 до мај 2005 година, се појавуваше еднаш неделно, страница со истоветни содржини, под наслов „Меѓутоа“, посветена на меѓусебното разбирање на етничките заедници во земјава. Објавените прилози во „Меѓутоа“ беа селектирани од многу поширокиот избор од текстови кои се однесуваа на меѓуетничката проблематика.

Овој Извештај содржи анализа на околу 3000 новинарски текстови, објавени во дневните весници „Дневник“, „Вечер“, „Утрински весник“ (на македонски јазик), „Факти“ (на албански јазик) и неделникот „Лоби“ (на албански јазик), објавени во периодот од крајот на јули 2003 до крајот на декември 2004 година.

Истражувачкиот тим ја реализираше анализата, и во квантитативна и во квалитативна смисла, според методолошките принципи кои се објаснети во текстот.

Резултатите од истражувањето се сопственост на МЦМС.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime Lista e hulumtimeve dhe publikimeve