Преглед на законската рамка и практики за соработка и вклучување на граѓанските организации во донесување одлуки на локално ниво - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Преглед на законската рамка и практики за соработка и вклучување на граѓанските организации во донесување одлуки на локално ниво PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автори: Марија Саздевски, Неда Милевска-Костова
Дата: ноември 2011 година
ISBN: 978-608-4617-49-5
PDF: pregled-na-zakonska-ramka-i-praktiki-za-sorabotka.pdf

pregled-na-zakonska-ramka-i-praktiki-za-sorabotkaПубликацијата „Преглед на законската рамка и практики за соработка и вклучување на граѓанските организации во донесување одлуки на локално ниво“ претставува преглед на законските основи и досегашната соработка на локалните власти со граѓанските организации во земјата.

Публикацијата е составена од две целини. Во првата, даден е осврт на облиците на вклучување на граѓаните во креирањето на политиките на локално ниво содржани во најзначајните акти кои што ги предвидуваат овие можности, како што се: Законот за локална самоуправа, Законот за референдум, Законот за здруженија и фондации, Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор и др. Во втората целина презентирани се наодите од анкетата со општините и граѓанските организации за нивната соработка од неколку аспекти: постоење на механизам за соработка, усвоени стратешки документи, практикување на облиците на соработка и финансиската поддршка.

Намерата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) е преку веќе објавената анализа за состојбите во пет европски земји „Модели за соработка и учество на локално ниво: компаративен преглед“ и оваа анализа да им овозможи на сите засегнати страни подобрено разбирање на граѓанското учество во креирањето на политиката и механизми за соработка помеѓу локалната самоуправа и граѓанските организации во земјата. Овој преглед ќе придонесе и кон воспоставување на механизми за соработка во општините во земјата, преку согледување на можностите за институционална соработка на локалните власти со граѓанските организации и граѓаните.

Анализата е подготвена од Марија Саздевски од Македонски центар за меѓународна соработка и Неда Милевска - Костова од Студиорум.

МЦМС ја подготви оваа публикација како дел од проектот „Граѓански дијалог на локално ниво“ кој е финансиран од ЕИДХР од Европската Унија.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime Lista e hulumtimeve dhe publikimeve