Извештај за следење на ризици од корупција и организиран криминал - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Извештај за следење на ризици од корупција и организиран криминал PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Автор: Емилија Туџаровска-Горѓиевска
Соработници: Руслан Стефанов и Тодор Јаламов
Дата: 2015 година
ISBN: 978-608-4681-32-8
PDF на македонски јазик:  izveshtaj-za-sledenje-na-rizici-od-korupcija-i-organiziran-kriminal.pdf
PDF in English language: corruption-and-organized-crime-threat-monitoring-report.pdf

izveshtaj za sledenje na rizici od korupcija i organiziran kriminalИзвештајот за следење на ризици од корупција и организиран криминал е преглед на состојбата и динамиката на корупцијата и организираниот криминал во Република Македонија. Методолошката основа за подготовка на овој извештај е системот за следење на корупцијата (CСК), развиен од страна на Центарот за изучување на демократијата (ЦИД) од Бугарија. ССК се базира на различни извори на информации и комбинација на квантитативните и квалитативните методи за следење и процена на корупцијата и организираниот криминал. Обединетите нации (ОН) го имаат признаено ССК како систем со најдобри практики за следење на корупцијата на национално ниво.

Извештајот е поделен на седум поглавја и истиот дава преглед на правната и институционална рамка за сузбивањето на корупцијата и организираниот криминал во земјата, дава преглед на макроекономската состојба за појава и следење на врската на корупцијата и организираниот криминал, процена на ризици од закани од корупција и од организиран криминал, како и нивоата на поврзаност меѓу овие две појави: инфилтрација (општо) во политичката арена, инфилтрација во Владата (избрани функционери), инфилтрација во државната администрација и институциите, поткуп итн.

Преку овие нивоа индиректно се прави основен преглед на корупција во политиката, но исто така и на другите области и нивоа на власта како: правосудството; администрацијата, полицијата и царината. Последниот дел се однесува на приватниот сектор и корупцијата, каде покрај општиот преглед се прави осврт и на јавните набавки, перењето пари и измамата со ДДВ.

Извештајот е изготвен од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и тим на експерти од Центарот за изучување на демократија (ЦИД) од Бугарија.

Извештајот е дел од проектот „Борба против корупцијата и организираниот криминал“, финансиран од ЕУ во рамките на Националната програма за привремена поддршка и градење институционални капацитети, ИПА (IPA) 2009.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Hulumtime dhe publikime Lista e hulumtimeve dhe publikimeve