Понеделник, 08 јули 2013 10:11 |
![Bilbord-progres-pecat](/plugins/content/imagesresizecache/e8031814d69e8803c85e31e9c763f7b3.jpeg) Полио плус, МЦМС и Комисијата за заштита од дискриминација во рамките на проектот „Од норма до пракса“ објавуваат конкурс за избор на најдобра фотографија 2013 објавена на тема „ДИСКРИМИНАЦИЈАТА НИЗ МОЈОТ ОБЈЕКТИВ“.
Цел на конкурсот е да се стимулира редовно и објективно медиумско следење и согледу [ … ] |
Понеделник, 17 јуни 2013 13:53 |
Со спроведувањето на проектот Оспособување на малцинските жени погодени од конфликтот, МЦМС има за цел да ги подобри условите за вработување на овие жени. Затоа, една од активностите е да им понуди курсеви за занимања.
Курсевите треба да бидат на следните теми: фризерство, кроење и шиење, компјутерско водење на сметководство и готвење во угостителски објекти.
Обуките се спроведуваат за жени од Скопје (Сарај и Чаир), тетовскиот регион (Јегуновце, Теарце и Желино), Липково и Маврово и Ростуша.
|
Среда, 24 април 2013 09:31 |
Целта на програмата „Форуми во заедницата” е да го поддржи партиципативниот развој на заедниците на локално ниво преку организирање на шест форумски сесии и последователно спроведување на проектите од форумските сесии. Програмата е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а е раководена од Единицата за координација на форумите (ЕКФ) во соработка со Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС (повеќе информации на www.forumivozaednicata.com.mk).
Во периодот јануари 2013 – мај 2014, Форумскиот процес во општините Македонска Каменица и Делчево ќе го спроведува Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС).
За потребите на Меѓуоптшинскиот Форум, се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 месеци, шест работни дена просечно во текот на месецот, со флексибилно работно време.
|
Четврток, 03 јануари 2013 11:32 |
Во периодот јануари 2013 – мај 2014 г., форумскиот процес во општина Шуто Оризари ќе го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). За потребите на проектниот форум се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР, кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 (шест) месеци, 9 (девет) работни дена просечно во текот на месецот, со флексибилно работно време.
|
Среда, 02 јануари 2013 11:58 |
Во периодот јануари 2013 – мај 2014 г., форумскиот процес во општините Македонска Каменица и Делчево ќе го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).
За потребите на Меѓуопштинскиот форум се распишува оглас за избор на КО-МОДЕРАТОР кој ќе биде ангажиран во времетрање од 6 месеци, шест работни дена просечно во текот на месецот, со флексибилно работно време.
|
|
|
|
|
Страна 16 од 26 |