Вести - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вести
Визното олеснување во Македонија PDF Печати Е-пошта
Вторник, 10 јуни 2008 01:00

[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денес, 10 јуни 2008 година, во Холидеј ин во Скопје одржа прес конференција на која информираше за проектот за набљудување на визното олеснување во Македонија.

 
Започна со работа инфо линијата за визно олеснување PDF Печати Е-пошта
Вторник, 10 јуни 2008 01:00

Целта на проектот е подобрен пристап на граѓаните до шенгенскиот визен режим.

МЦМС, во почетокот на јуни ја започна анкетата помеѓу апликантите за виза во амасадите на земјите членки од ЕУ (Италија, Германија, Грција, Словенија, Австрија и Франција). Се очекува да биде направена 751 анкета со граѓани. Освен тоа, на 10 јуни се отвора инфо линија на која граѓаните ќе можат да ги кажат своите позитивни или негативни искуства од спроведувањето на олеснетиот визен режим или да добијат информации во врска со него.

 
Како се спроведува олеснувањето на визниот режим PDF Печати Е-пошта
Петок, 06 јуни 2008 01:00
[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ве поканува на прес конференција на која ќе бидат презентирани активностите што се однесуваат на спроведувањето на договорот за визно олеснување за граѓаните на Република Македонија.
 
МЦМС ги започна овогодишните отворени денови PDF Печати Е-пошта
Вторник, 20 мај 2008 01:00
Од 20 до 23 мај оваа година ќе бидат организирани Отворените денови на МЦМС. Во овие три дена МЦМС ќе ги презентира постигнувањата од претходната година и планот за следната година.
 
И МАКЕДОНИЈА И ЕВРОАТЛАНТСКИ ИНТЕГРАЦИИ PDF Печати Е-пошта
Среда, 26 март 2008 01:00

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Хуманитарната организација Ел Хилал, Полио Плус – движење против хендикеп, Националниот совет на жените на Република Македонија (НСЖМ - СОЖМ), ХДЗР Месечина, Здружението на граѓани ОХО и Асоцијацијата за демократски алтернативи (АДИ) го изразуваат своето мислење за овој период на одлука за евроатлантската интеграција на Македонија со заедничкиот став: „И Македонија и евроатлантски интеграции“. Наместо дилемите „или – или“ потребно е да се фокусираме на постигнување на зачувување на името и покана за НАТО членство.

 


Страна 241 од 249

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести