Вести - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вести
Привремени мерки за работа на МЦМС PDF Печати Е-пошта
Вторник, 17 март 2020 15:27

Почитувани соработници,

Со оглед на новиот развој на ситуацијата со вирусот Корона, а следејќи ги препораките на Министерството за здравство, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), одлучи да ги продолжи мерките на претпазливост до крајот на март 2020 година. Соработниците ќе продолжат да ги обавуваат работните обврски од дома, а канцеларијата ќе биде затворена.

Можете да не контактирате на редовната е-маил адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите   или директно некој од соработниците преку е-маил.

МЦМС ќе го следи развојот на ситуацијата и ќе одлучи за прекин или продолжување на оваа мерка и навремено, преку објава на веб страната и профилот на ФБ ќе ве извести за тоа.

Што се однесува до повикот за грантови за транспарентот кој е во тек, веќе беше објавена информација за измените во начинот на доставување на пријавите. 

Ви благодариме на разбирањето.
МЦМС

 
Известување PDF Печати Е-пошта
Четврток, 12 март 2020 15:01

Почитувани соработници,

Имајќи го предвид развојот на ситуацијата со вирусот Корона во Македонија, во регионот и глобално, како и препораките на Министерството за здравство, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), одлучи да ги одложи сите свои настани планирани до крајот на март оваа година. Од 11 март, МЦМС ја затвори канцеларијата и ги упати соработниците работните обврски да ги обавуваат од дома.

Можете да не контактирате на редовната е-маил адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или директно некој од соработниците на е-маил адресите кои се објавени на веб страната на МЦМС https://mcms.mk/mk/za-nas/nasata-struktura.html

Мерките за работа од дома ќе важат најмалку до 16 март 2020 година. МЦМС ќе го следи развојот на ситуацијата и ќе одлучи за прекин или продолжување на оваа мерка и навремено, преку објава на веб страната и профилот на ФБ ќе ве извести за тоа.

Што се однесува до повикот за грантови за транспарентот кој е во тек, ги упатуваме потенцијалните апликанти да ги следат известувањата следната недела кога ќе ги објавиме евентуалните промени во процесот на доставувањето на пријавите.

Ви благодариме на разбирањето.
МЦМС

 
Грантовите за транспарентност одлична можност за организациско зајакнување PDF Печати Е-пошта
Среда, 11 март 2020 10:50
dfg info sesija

Неколкумина претставници на граѓански организации, на 10 март 2020 година ги раскажаа своите искуствата од спроведувањето на грантовите за транспарентност што ги додели МЦМС во текот на 2019 година.

 
Комуникациска стратегија за здруженијата да ги надградат односите со јавноста PDF Печати Е-пошта
Петок, 28 Февруари 2020 19:06
IMG 20200226 142727 2

Четиринаесет граѓански организации ги добија основите за нивните комуникациски стратегии за време на обуката за комуникации и видливост која ја организираше Граѓанскиот ресурсен центар во Велес на 26 и 27 февруари.

 
Мотивирање нови генерации волонтери од Штип PDF Печати Е-пошта
Вторник, 25 Февруари 2020 17:22
2020.02.13 oou rabotilnica 40 1080x675

Граѓанскиот ресурсен центар во Штип по втор пат беше домаќин на интерактивна средба со учениците од локалните основни училишта. На работилницата „Волонтирањето – можност да придонесам во мојата средина“ учествуваа 20 ученици од штипските училишта „Гоце Делчев“, „Ванчо Прке“ и „Славејко Арсов“, кои с [ … ]

 


Страна 55 од 249

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести