Одржан прв состанок на Програмскиот одбор

На 04 март 2011 г. беше одржан прв состанок на Програмски одбор на проектот „Граѓански дијалог на локално ниво“. Членови на Програмскиот одбор се: Ели Чакар - претставник на Министерство за локална самоуправа (МЛС), Весна Арсовска - Динковска - претставник на ЗЕЛС, Виолета Налевска - претставник на о. Битола, Мајлинда Каба Османи - претставник на о. Дебар, Воислав Антовски - претставник на о. Јегуновце, Димче Митрески - претставник на МЦМС.

Првиот состанок беше искористен за подетално запознавање на членовите на Програмскиот одбор со проектот. Членовите го потврдија учество на нивните институции во Програмскиот одбор истакнувајќи ја важноста на предвидените активности за развојот на соработката на општините со граѓанскиот сектор. Учеството во Програмскиот одбор е на волонтерска основа.

На состанокот е усогласен и рамковен временски распоред  според кој Програмскиот одбор како советодавно тело на проектот ќе се состанува еднаш месечно (секој последен четврток или петок од месецот). Со Програмскиот одбор на волонтерска основа ќе претседава Ели Чакар, со целосна логистичка поддршка од проектниот тим.

joomla template 1.6