Меѓународна конференција “Граѓански дијалог на локално ниво“

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 13 јули 2011 година во Скопје, во х. Холидејин во 10 часот организира конференција "Граѓански дијалог на локално ниво". Конференцијата се организира во рамките на го проектот "Граѓански дијалог на локално ниво" кој е поддржан од Делегацијата на ЕУ во Скопје од ЕИДХР.

Повеќе:

Како соработуваат општините и граѓанските организации

МЦМС почна со подготовка на Прегледот на законските основи и практиката на вклучување во одлучувањето, како и на соработката на локално ниво во Република Македонија. Прегледот ќе ги содржи постојните законски можности, а ќе биде направена и анализа и на досегашната пракса на соработката на граѓанските организации и општините. Ова треба да биде основата за воспоставување модел на соработка на локално ниво, меѓу граѓанските организации и општините.

Повеќе:

Одржан прв состанок на Програмскиот одбор

На 04 март 2011 г. беше одржан прв состанок на Програмски одбор на проектот „Граѓански дијалог на локално ниво“. Членови на Програмскиот одбор се: Ели Чакар - претставник на Министерство за локална самоуправа (МЛС), Весна Арсовска - Динковска - претставник на ЗЕЛС, Виолета Налевска - претставник на о. Битола, Мајлинда Каба Османи - претставник на о. Дебар, Воислав Антовски - претставник на о. Јегуновце, Димче Митрески - претставник на МЦМС.

Повеќе:

joomla template 1.6