Спроведување на усогласено законодавство во Албанија

Членот на БЦСДН, Институтот за демократија и медијација (ИДМ), во рамките на регионалната програма на Германскиот советот за надворешни работи, за поддршка на вклучување на граѓанското општество во ЕУ реформите и процесите, ги презентираше наодите од истражувањето на високи претставници на институциите на ЕУ од 5 - 9 септември 2011 година (Брисел).

На средбите со претставници на ЕУ од Европската комисија, Европската надворешна акциона служба, Европскиот парламент, Советот и тинк-тенкови со седиште во Брисел го означија почетокот на последната фаза на програмата за 2011 година, со вкупно осум истражувачки трудови подготвени од страна на тинк-тенк организации во земјите од Западен Балкан за различни прашања поврзани со вклучувањето во ЕУ процесите. Програмата се очекува да заврши со настани на национално ниво промовирајќи ги наодите во политичкиот дискурс и застапување за подобрување на процесот за пристапување во ЕУ во соодветните земји. ИДМ ќе го пртстави политичкиот бриф и соодветните истражувања преку национална работилница (11 ноември 2011 година) со широко учество на креаторите на политики, граѓанско општество, приватен сектор, медиумите, академија итн. Повеќе информации се достапни тука.

[ИДМ]

joomla template 1.6