Хрватска: Покана за учество во стратешкото планирање

Националната фондација за развој на граѓанското општество ја повикува јавноста (претставници на граѓанското општество, јавниот и приватниот сектор како и непрофитниот сектор) да се вклучат во интернет консултацијата со давање на предлози за подобрување на стратешките цели на Националната фондација како основа на искуството од претходните години на своето работење.

Советувањето е отворено од 5 септември до 19 септември 2011 година. Целта е да се оцени состојбата на спроведувањето на сегашната стратегија на Националната фондација за периодот 2008-2011 и да се предложат нови стратешки цели и подобрувања во наредните четири години, 2012-2015. За таа цел на Фондацијата подготви прашалник кој може да се најде тука.

[Националната фондација за развој на граѓанското општество]

joomla template 1.6