Вест: Мобилизација на граѓанското општество Печати
Понеделник, 24 ноември 2003 01:00

Со социо-културен настан во саботата вечерта заврши третиот НВО саем -Форум на граѓанско општество во Македонија кој се одржа во халите на Скопски саем од 20 до 22 ноември. Саемот кој беше организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка, Фондацијата Институт отворено општество Македонија и Институтот за трајни заедници го посетиле околу 10. 000 лица.

_nvo-2Во изложбениот дел на НВО саемот учествуваа 205 граѓански организации од Македонија од кои десетина беа странски. Наградата за најдобро уреден штанд ја добија здруженијата на грѓани "Меѓаши" од Скопје, Сојузот на извидници на Македонија и "Синергија од Штип.
Сашо Клековски, директор на МЦМС, соопшти дека во текот на саемската манифестација биле одржани 48 панели, форуми и други социо-културни настани.
Во моментот во Македонија постојат околу 6. 000 невладини организации од кои само околу 200 работат интензивно. Тие имаат активности поврзани со образованието, културата, животната средина, заштита на хендикепираните лица, човековите права, верските заедници и религиозни групи.(И.С.)

Извор: Вест (24.ноември.2003)


Поврзани: