Вест: Водовод за селата Долна и Горна Арнакија - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вест: Водовод за селата Долна и Горна Арнакија PDF Печати Е-пошта
Четврток, 11 декември 2003 01:00

За десетина дена ќе почне изградбата на водоводот за селата Долна и Горна Арнакија во Општина Сарај. Имер Селмани, градоначалник на Општината, вели дека во моментов прибираат понуди за изведувач на градежниот зафат и дека, по затворањето на тендерите, веднаш ќе почнат со работа на терен.

Тој објасни дека со проектот е предвидено да се изгради примарна и секундарна водоводна мрежа за селата Горна и Долна Арнакија, во должина од 8.200 метри. За реализација на овој проект ќе бидат потребни 132.000 евра, од кои 85.000 се грант од МЦМС - Македонски центар за меѓународна соработка, а 32.000 евра се самопридонес на жителите. Останатите 32.000 евра се обезбедени од буџетот на Општината, а со изградба на мрежата вода за пиење ќе се обезбеди за 1.200 жители.
"Водоводната мрежа ќе се поврзе на скопскоиот водоводен систем, а вода за пиење ќе се црпи од главниот резервоар во село Љубин", додава Селмани.
(Е.А.)

Извор: Вест (11.декември.2003)

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Вест: Водовод за селата Долна и Горна Арнакија