Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Социјална кохезија и намалување на сиромаштијата PDF Печати Е-пошта

Социјалната кохезија и намалување на сиромаштијата ќе се остварува преку вработување, претприемништво, образование и пристап до јавни сервиси, засновано на принципите за еднакви можности и пристап базиран на правата (rights based approach) и со вклучување на маргинализираните групи.

Во образованите ќе се поттикнува подобриот пристап на маргинализираните групи (пр. Роми, рурални подрачја), како и подобрување на квалитетот на образованието. Посебен фокус ќе биде концептот на доживотно учење и интензивното користење на разни форми на неформално образование. Ќе се јакне релевантното граѓанско општество како организации на ученици и студенти и професионални (наставнички) сојузи и комори.Вработувањето ќе се заснова на поддршка на развојот на мали претпријатија, со поддршка на развојот на претприемништво и пристап до финансиски капитал. Исто така ќе се јакнат сојузите и коморите на претприемачи.

МЦМС својата работа ќе ја темели на поддршка на еднакви можности и недискриминацијата во јавните политики и  јавните, но и приватните услуги, како образованието или вработувањето.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашите цели Социјална кохезија