МЦМС - независна и организација со кредибилитет, способна за силни и ефективни партнерства и сојузи засновани на еднаквост - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС - независна и организација со кредибилитет, способна за силни и ефективни партнерства и сојузи засновани на еднаквост PDF Печати Е-пошта

(на национално, регионално и меѓународно ниво)

МЦМС треба да ја одржува својата независност, по која и досега е препознатлив, преку работа со различни засегнати страни и групи од интерес на еднаков начин и без привилегирање, со истакнување на јасни и често конфронтирачки ставови за клучните општествени прашања.

МЦМС не може и не треба да функционира изолирано, односно фокусирајќи се само на своите вредности, подобрувања и постигнувања. Напротив, мора да се развијат силни и ефективни партнерства и сојузи засновани на еднаквост. Особен фокус треба да има на обезбедување домашна сопственост со долгорочна соработка и јакнење на капацитетот на партнерите, нивните финансиски и системи за набљудување. Притоа треба да се почитува автономијата на секој партнер и да се јакне еднаквоста во партнерствата, со подобрување на дијалогот и спроведување на систематски процеси за консултација.

МЦМС е свесен дека исполнувањето на визијата и мисијата бара градење силни коа-лиции и партнерства пред се во Македонија и на Балканот, но и во Европската Унија, земјите во транзиција од Источна Европа и Централна Азија.

МЦМС мора да ги подобрува односите со јавноста, преку поефикасни услуги и подоб-рени контакти, како со средствата за јавно информирање (медиумите), така и со пошироката јавност преку директни контакти со граѓаните и индиректно преку нивни организации. Тоа треба да води до зголемена видливост, а со тоа и препознатливост на МЦМС во јавноста.

Сето ова треба да доведе до поголем кредибилитет на МЦМС, кој со храброст, сопствени погледи и акции, ќе придонесе кон натамошно вкоренување на МЦМС и зголемување на јавната поддршка (меѓу другото и со континуиран развој на нови извори на финансирање, вклучително од домашни и индивидуални извори).

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нас Нашите цели МЦМС - независна и организација со кредибилитет