Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Зошто и како да се вклучам PDF Печати Е-пошта

Да помогнам, да поддржам, да волонтирам!

Милиони луѓе во светот се вклучуваат доброволно во активности во заедницата, во организациите на граѓанското општество, во политичките партии, во институциите со желба да придонесат кон доброто на сите, за подобро општество, за поквалитетен живот.

Придобивките од волонтерската работа не може да се измерат, но поединечно тие се гледаат во подобрените услови за живот на некоја личност, на некое семејство, на некое село, на некоја заедница, особено во неразвиените земји. Волонтерот пак ги има личната и професионалната сатисфакција. Поголем дел од овие волонтери се волонтерите на Обединетите нации и волонтерите на Мировниот корпус.

Но потреба од волонтери има не само во неразвиените средини или во заедниците каде човечкиот живот е загрозен. Доброто е потребно насекаде. Може да се вклучите во доброволна акција за уредување на вашата населба, во работа на месната заедница или куќниот совет. Така придонесувате за доброто на вашите соседи, сограѓани, а и за вас самите.

Организациите на граѓанското општество (граѓанските организации, црквите и верските заедници, синдикатите) имаат потреба од волонтери кои ќе се вклучат во нивната работа и ќе помогнат да се постигнат нивните цели. Волонтерите се неопходни за реализирање на активностите на поголем број граѓански организации. Со волонтерската работа придонесувате во заштитата на животната средина, остварувањето на човечките права, едукацијата на децата, правната помош за жртвите на насилство, слободниот пристап до информации.

Организациите на граѓанското општество нудат можност и за реализација на вашата пракса за време на студиите или дипломирањето. Преку праксата се стекнувате со искуство и го надополнувате стекнатото теоретско знаење. Дел од универзитетите во Македонија веќе соработуваат со повеќе институции, претпријатија и граѓански организации, но и вие самите можете да се вклучите.

Волонтирање и пракса во Македонскиот центар за меѓународна соработка

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Поддршка Вклучи се Зошто и како да се вклучам