Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Што треба да знаете PDF Печати Е-пошта

Што е волонтерство? Како е уредена праксата?

Волонтирање е дејствување на луѓето кои ги вложуваат своето време, труд, знаење и/или работа доброто на другите и за корист на заедницата без очекување да бидат платени или да имаат друга добивка.

Во Република Македонија волонтерството е регулирано со   Законот за волонтерството (Сл. весник бр. 85/07). Со законот се уредени термините за волонтерство, волонтер и организатор на волонтерската работа; условите и начинот на вршење на волонтерството; правата и обврски на волонтерот и организаторот на волонтерството; договорот за волонтерство и водењето евиденција на волонтерската работа; и вршењето надзор.

Во Законот волонтерството е дефинирано како „доброволно давање на лични услуги, знаења и вештини и /или вршење на други активности во корист на други лица, органи, организации и други институции, без надоместок“. Волонтерот е дефиниран како „физичко лице кое дава услуги, вештини и знаења во корист на други лица, органи, организации и други институции, на доброволна основа и без финансиска или друга лична добивка“.

Надоместокот за трошоците за храна и за превоз до и од местото на волонтирањето се исплатува најмногу во висина до 15% од просечната месечна плата во Македонија исплатена за претходната година согласно   Законот за измени и дополнувања на Законот за волонтерство. Времетраењето на волонтирањето во МЦМС најчесто е од еден до три месеци.

Практичната настава е уредена со Законот за измени и дополнувања на Законот за високо образование (Службен весник на Република Македонија бр. 103/08). Согласно овој закон, студентот во секоја студиска година задолжително посетува практична настава која не може да биде пократка од 30 дена како еден од условите за запишување на наредната студиска година. Начинот и условите на организирање на практичната настава се уредени и со статутот на високообразовна установа. МЦМС е отворен за соработка со високообразовните институции.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Поддршка Вклучи се Што треба да знаете