МОЈОТ ИЗБОР 2013 - Граѓаните за изборите во Гостивар, Прилеп, Струмица и Штип Печати
Четврток, 14 март 2013 12:58

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС), во рамки на проектот „Мојот избор“ ги објавија резултатите од истражување на јавното мислење во Штип, Прилеп, Струмица и Гостивар за: излезноста на изборите, за која листа на советници и за кој кандидат за градоначалник би гласале граѓаните на тие општини.

shtip-2013-Доколку утре се одржат локалните избори, 48,5 % граѓаните на Штип ќе гласаат за Илчо Захариев, кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ, 17,8% за Здравко Коцев, кандидатот на СДСМ, а за Марика Чанева од СДПМ и за Мијалче Поп Андонов од СДУ би гласале 1,8% односно 0,7% од граѓаните кои одговориле. Вкупно 28,7% одговориле дека не знаат, дека нема да гласаат или воопшто не одговориле. Кај советничките листи, 36,5% ќе гласаат за листата на ВМРО-ДПМНЕ, 17,1% за листата на СДСМ, а 1,1% за друга листа. Што се однесува до одѕивот на гласачите, дури 76,5% рекле дека со сигурност ќе излезат да гласаат.

prilep-2013-Во Прилеп, 52,3% од граѓаните ќе гласаат за Марјан Ристески, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, 15,1% за Хари Локвенец, кандидат на СДСМ, а 1,1% за Зоран Петрески, кандидат на СДУ. Вкупно 30,1% одговориле дека не знаат, дека нема да гласаат или воопшто не одговориле. Кај советничките листи, граѓаните предност и даваат на листата на ВМРО-ДПМНЕ, 32,3% би гласале за неа, а 14,6% за таа на СДСМ. За друга листа би гласале само 0,8% од оние што одговориле на прашањето. Имајќи ги предвид одговорите и во Прилеп се очекува голема излезеност на изборите, дури 75,2% рекле дека сигурно ќе излезат да гласаат.

strumica-2013-Во Струмица, 35% од граѓаните ќе гласаат за актуелниот градоначалник, Зоран Заев, кандидат на СДСМ. Васил Пишев, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 26,6% од граѓаните кои одговориле, а Ристо Божијанов, кандидат на СДПМ има поддршка од 0,3% од граѓаните. СДСМ има предност и кај советничките листи, 29,9% од граѓаните што одговориле би гласале за нивната листа. За советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ би гласале 27,4% од граѓаните, а за некоја друга, 0,8%. И во Струмица се очекува висока излезеност на изборите, дури 70% рекле дека сигурно ќе гласаат.

gostivar-2013Во трката за градоначалник на Гостивар учествуваат пет кандидати. Според резултатите на анкетата, граѓаните најголема поддршка (28,8%) му даваат на Руфи Османи, кандидат на НДП, потоа следуваат Невзат Бејта, кандидат на ДУИ со 23,5%, Сашо Акимовски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, со 10,4% и Зоран Ангелов, кандидат на СДСМ со 2,7%. Кај советничките листи, предност има таа на НДП, со 24,7%, потоа следуваат листите на ДУИ (17,2%), на ВМРО-ДПМНЕ (8,6%), на ДПА (2,8%), на ДПТ (2,4%) и на СДСМ (1,8%). За тоа дали ќе излезат на избори, 67,3% од гостиварчани рекле дека со сигурност ќе гласаат.

Истражувањата се направени преку телефонска анкета 8 до 11 март 2013 година, на репрезентативени примероци од 800 испитаници со +/- 3,5 % грешка.

МЦМС и ИДСЦС продолжуваат со спроведување на анкетите во текот на оваа недела и во десетина други општини, за што ќе следат и дополнителни извештаи во наредните денови до понеделник, 18.03.2012 г. кога е последниот законски рок за објавување на анкетите на јавното мислење поврзани со локалните избори.


Поврзани: