Селектирани се добитниците на институционални грантови од Цивика мобилитас Печати
Петок, 27 март 2015 16:00

Како што беше најавено, Цивика мобилитас го заокружи процесот на оценка, а со тоа и селекцијата на организациите потенцијални добитници на финансиската поддршка. Предселектирани се 16 организации со кои, по финализирањето на плановите ќе се потпишат договорите за поддршка.

Civica Logo Clr

Во тек е известувањето на сите организации кои поднесоа пријави за овој повик. Цивика мобилитас ќе ја продолжи соработката со сите организации, не само на следните повици за грантови туку и на националните, регионалните или тематските форуми кои ќе се случуваат во следниот период. 

Листата на организации кои добија институционални грантови ќе биде објавена кон крајот на април, по потпишувањето на договорите со нив.


Поврзани: