Како Романија се справува со корупцијата? Печати
Среда, 05 октомври 2016 12:55

Новинари и претставници на граѓански организации беа дел од студиската посета во Романија што ја организираше МЦМС во периодот од 19 до 21 октомври 2016 година.  Програмата опфати средби и разговори во институциите кои се занимаваат со борба против корупцијата како и граѓански организации и новинари ангажирани со овие прашања.

Kako Romanija se spravuva so korupcijata

Тие имаа можност да се сретнат и да разговараат со Лаура Кодрута Ковеси, главната обвинителка на Националниот директорат за антикорупција, со претставници на Националната агенција за интегритет и на Агенцијата за управување со одземен имот. 

Освен тоа, имаа средби и во Експерт форум и во Центарот за независно новинарство каде разговараа за тоа што прави граѓанскиот сектор и новинарите во Романија во борбата против корупцијата.

Низ разговорите, учесниците се обидоа да ги споредат институциите и нивната ефикасност во борбата против корупцијата. Тие изразија задоволство од можноста да бидат дел од студиска посета.

Новинарски приказни од студиската посета:


Поврзани: