Иднината и предизвиците на институцијата Народен правобранител Печати
Четврток, 16 октомври 2008 01:00

На 15 октомври 2008 година, во Скопје се одржа тркалезна маса на тема „Иднината и предизвиците на институцијата Народен правобранител“.  На настанот учествуваа повеќе од 50 претставници од државните институции, од меѓународните институции во Македонија, од граѓанскиот сектор, експерти, и претставници од централната и локалната канцеларија на Институцијата Народен правобранител.

img_0671

Тркалезната маса започна со поздравни излагања од страна на: Народниот правобранител; Специјалниот претставник на Европската Унија и шеф на делегацијата на Европската комисија во Скопје; Амбасадорот на Франција и Амбасадорот на Шведска.

Воведната сесија се однесуваше на досегашните активности на институцијата Народен правобранител и неговата улога во заштитата на човековите права. Исто така, беа пренесени искуствата од Војводина и Полска и беше направена споредба во степенот на достигнување и организација на овие институции.

img_0676

На втората сесија беше отворено прашањето за потребата од проширување на надлежностите на институцијата Народен правобранител во согласност со предлог Законот за заштита од дискриминација и со барањата определени со ОПКАТ.

Последната сесија се однесуваше на улогата на Народниот правобранител во заштитата на правата на маргинализираните групи, како: жени, деца, лица со хендикеп, Роми.

img_0679

Учесниците имаа можност низ отворена расправа да ги пренесат своите ставови, да постават прашања и да дадат свои предлози. На крајот на расправата беа формулирани  заклучоци и препораки .

Организатор на настанот беше Институцијата Народен правобранител, со поддршка на ОБСЕ, СИДА и МЦМС.


Поврзани: