Дебата: Предизвиците на повеќекратната дискриминација Shtyp
E enjte, 24 tetor 2013 13:54

lau-fig12 004На 31 октомври 2013 г. (четврток) во 11:00 ч. во х. Холидеј ин, Скопје, МЦМС организира дебата на тема „Предизвиците на повеќекратната дискриминација“. Ве покануваме да се придружите на настанот и со вашите дискусии придонесете кон дискусијата за ова важно прашање. Воведни излагања ќе имаат Јован Ананиев, член на КЗД и Жанета Попоска, ОБСЕ. Настанот ќе го фасилитира Емина Нурединоска од МЦМС.

Целта на дебатата е да се презентира моменталната состојба во Македонија, европските искуства и практиките со справување со повеќекратната дискрриминација. Посебен осврт ќе се даде на кумулативната и интер-секциската дискриминација.

Проектот „Од норма до пракса за еднаквост“ го спроведува МЦМС во партнерство со Полио плус – движење против хендикеп, Министерството за труд и социјална политика и Комисијата за заштита од дискриминација. Проектот е поддржан финансиски од Европската Унија преку програмата Прогрес (2007-2013).

За дополнителни информации и потврда на вашето присуство контактирајте го Фисник Шабани преку е-маил Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë или на телефон 070/632-692 и 02/3088-994.

Преземи дневен ред за настанот.

Потврди присуство преку Facebook настан.


Te nderlidhura: