Пријава за настан за споделување искуство за практиките за транспарентност на ГО - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Пријава за настан за споделување искуство за практиките за транспарентност на ГО PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 30 tetor 2020 12:42

dfds

МЦМС има чест да Ве покани да бидете дел од настанот за споделување на знаење и искуство со фокус на практиките за транспарентност на граѓанските организации од Словенија: „Дали транспарентноста може навистина да ни помогне? Различни пристапи на ГО за зголемување на транспарентноста“ кој ќе се одржи на 6 ноември (петок) 2020 г., од 11:00 до 12:30 часот на платформата ZOOM.

Целта на овој настан е споделување на најдобрите практики од граѓанското општество во Словенија за поттикнување и подобрување на транспарентноста во секторот. За време на настанот ќе се стекнеме со знаења за практиките на транспарентност на четири различни граѓански организации од Словенија. Овие четири организации покриваат различни секторски области и се разликуваат во однос на типовите на активности кои ги спроведуваат. Конкретно, ќе се запознаеме со: Caritas Словенија кои главно работат со хуманитарна помош; Amnesty International Словенија кои претежно работат со прашања поврзани со човековите права; Екологисти без граници Словенија кои спроведуваат активности за заштита на животната средина; и ЦНВОС, чадор-организација во Словенија за помош на развојот на граѓанскиот сектор со фокус на зголемување на транспарентноста и отчетноста.

Преземи агенда

Регистрирај се за учество

Секој регистриран учесник ќе добие линк од ЗООМ за вклучување на настанот во текот на неделата.

Настанот ќе се одвива на англиски јазик со овозможен превод од англиски на македонски и обратно.

За повеќе информации, можете да ја контактирате Александра Савевска на Kjo Adresë e Postës Elektronike është e mbrojtur nga reklamat e pa dëshirueshme.Ju duhet JavaScript e lejuar për ta shikuar atë или: 070/414-669.

Настанот е организиран во рамките на програмата: „Одржливо граѓанско општество - државно финансирање на граѓански организации“ финансирана од Европската Унија.

Застапуваме за транспарентни и отчетни ГО!

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Пријава за настан за споделување искуство за практиките за транспарентност на ГО